„Не треба да сме вака уморни на наша возраст“ – Анонимни цитати од ментално истрошени луѓе
Дали сте се почувствувате толку уморни од животот што ви дошло да ги кренете рацете и едноставно да се предадете кажувајќи – навистина е доста?
Не сте единствените. Сите сме се почувствувале вака во одреден период од животот – уморно, рането, безвредно и безнадежно. Овие анонимни цитати ни покажуваат дека не сме сами на светот. И дека сепак, на крајот од тунелот, нè чека светлина:
„Уморна сум од преправање да бидам посилна отколку што се чувствувам“.
„Вистината е дека сум скршена одвнатре“.
„Се будам навистина уморна… и се прашувам – зошто тогаш спиев?“
„Се губам себеси, животот се цеди од мене“.
„Ова место прави да се чувствувам уморно и нема никаква врска со сонот и секаква врска со луѓето кои ме опкружуваат“.
„Мојата глава во моментов е најужасното место каде што може да бидете“.
„Толку сум уморна што ми треба една долга пауза – од животот“.
„Сонот не е само спиење, туку бегство од сè“.
„Срцето што сфаќа секогаш сè, исто така се уморува“.
„Ментално те исцрпува помислата дека се чувствуваш лошо поради нешто што не можеш никако да го смениш“.
„Единственото нешто што повеќе те уморува од ментално заболување е преправањето дека го немаш“.
„Има денови во кои едноставно сакаш да се предадеш. Да ги облечеш пижамите, да читаш стрипови во кревет со покривката над тебе сè додека светот не стане малку поохрабрувачкo место за живот“.
„Денес одбивам да имам стрес за работи кои се надвор од мојата контрола“.
„Таа изгледаше уморно. Како да се борела со светот и како светот да победил“.
„Отсекогаш мислев дека тагата е најисцрпувачката емоција од сите. Сега знам дека тоа е гневот“.
„Уморна сум од чувството на безвредност, од тоа да се чувствувам безнадежно, но најмногу од сè – уморна сум од тоа што се чувствувам уморно“.
„Не треба да сме вака уморни на наша возраст“.
(О)Милена | Црнобело