Невестите се „купуваат“ за огромни суми, дури и со кредити и уште 18 факти за животот во Оман
И да сте локалец и да се дојденец ако сте сингл маж нема да може да живеете во кварт наменет за семејства. Вратите се обележје на Оман и секој жител на државата се труди да има што е можно поубава врата.
Оман е земја која не е многу популарна кај туристите и затоа и не се знае многу за неа.
Се наоѓа во Југозападна Азија и се смета за најпрогресивната земја од Средниот Исток. Најмногу државата заработува од нафтата.
Факти за животот во Оман (секако некаде може да постојат исклучоци):
Жените за специјални пригоди носат традиционална маска за лице „батулу“, која се смета за декорација.
Првичната намена на оваа маска била за заштита на носот на Бедуините од пустинскиот песок.
Околу 40% од нацијата се дојденци и тоа најмногу се работници од Индија, Пакистан, Бангладеш и другите блиски земји.
Тие ја сакаат државата Оман затоа што работите функционираат подобро и лесно можат да си отворат сметка во банка и да си купат имот. Плус, безбедноста е на високо ниво.
Викендите во Оман се петок и сабота.
Во јавните институции од жителите на Оман се бара да носат национална облека.
За мажите националната облека е долг „фустан“, најчесто во бела боја.
Мажите играат национална игра Хавалис за која се потребни само дупки и камења.
Зградите во Мускат, главниот град на Оман, се поделени на домови за семејства и домови за немажени/неженети.
Локалците најчесто живеат во куќи и вили, а во станови живеат дојденците, сепак и да сте локалец и да се дојденец ако сте сингл маж нема да може да живеете во кварт наменет за семејства.