Невестите се „купуваат“ за огромни суми, дури и со кредити и уште 18 факти за животот во Оман
Не е дозволено да имате нечист автомобил.
Поради пустинските услови автомобилите често може да бидат прекриени со песок, но ако не го исперете автомобилот може да добиете казна.
Секоја врата во Оман е уникатна приказна.
Вратите се обележје на Оман и секој жител на државата се труди да има што е можно поубава врата. Сиромашните луѓе сами ги изработуваат, а богатите си ангажираат специјални мајстори. Многу луѓе имаат врати постари од 100 години. Најлуксузни се оние на влезовите од палатите и џамиите.
Ќилимот во џамијата на султанот го правеле 600 жени, правен е 4 години и тежи 21 тон.
На пазарот Ибра Соук, на жените им е дозволено да одат еднаш неделно и во средите тие продаваат работи кои не ги интересираат мажите - како козметика, накит, текстил итн.
Постои маркет на кози, каде козите се продаваат на аукција, а мажите одат и да се видат со пријателите и да пијат кафе.
За трки со камили се користат џокеи роботи.
Тоа е за камилите да немаат тежок товар на грбот, во минатото за ова се користеле деца. Сега се користат роботи кои тежат околу 2-3 килограми и можат да се управуваат од далечина. Камилите достигнуваат брзина и до 65 километри на час.