„Ако најдете пат без пречки, веројатно не води никаде“ - Афоризми со доза на умешна парадоксалност која ќе ве замисли
Афоризам претставува кратка и во одредена форма изразена изрека, која накратко и многу јасно изразува една мудра мисла.
Поимот афоризам во превод значи „да се дефинира“ и оваа куса реченица обично се среќава во науката или уметноста.
Афоризмот е поетска идеја, односно реченица што се обидува да изрази принцип на концизен, кохерентен и навидум затворен начин.
Во продолжение за вас издвоивме низа интересни афоризми чија парадоксалност ќе ве замисли:
„Ако најдете пат без пречки, веројатно не води никаде“
„Иако беше сестран, жените се сеќаваа на него само по една работа“
„За понежниот пол најмногу фантазираат Ескимите“
„Се оженив и повеќе не мора да се правам луд“
„Жена ми ми зборува на едното уво, а јас и во другото ставив тампон“
„Ако сите се „за“ и јас сум против“
„Она што никој не го може, го можам и јас“
„Мажот е најслаб кога убава жена му шепоти дека е силен“
„Го изгубил помнењето. Тоа е единственото нешто на коешто се сеќава“
„Не би сакал кравата на мојот комшија да цркне. Можам да умрам од среќа“
„Ги познавам како мојот џеб. Во нив нема ништо“
„Убиецот не се враќа на местото на злосторството. Тој продолжува понатаму“
„Човекот се сврте кон природата. Тој стана ѕвер“
„Спонтаното излегување на луѓето на улица е одлично организирано“
„Осветлувајќи го мрачното минато, ја затемнивме светлата иднина“
„Многу работи ни се при рака, само треба да го свиткаме 'рбетот“
„Лош, полош, најдобар“
„Во ниту една гледна точка не треба да бидеме слепи“
„Недостатокот на талент често се компензира со недостаток на карактерот“
„Постои идеален свет на лаги каде сè е вистина“
Мила М. | Црнобело