Громот не удира двапати на исто место и уште 7 популарни митови во кои треба да престанете да верувате
Мит. 5: Наполеон Бонапарта бил многу низок маж
Дури и да не знаете ништо за Наполеон, сигурно сте слушнале дека тој бил многу низок маж и сите му се потсмевале за тоа.
Според историчарите, Наполеон бил висок околу 167-170 сантиметри, а тој период ова била просечната висина на мажите во Франција. Што значи, никој не ни помислувал дека Наполеон е низок.
Мит 6: Томас Едисон ја измислил сијалицата
Иако повеќето сметаат дека Томас Едисон е личноста која ја измислил електричната сијалица, реалноста е малку поразлична. Всушност, многу луѓе од научните кругови сметаат дека Едисон е само крадец на идеи кој добивал заслуга за туѓи изуми.
Неколку научници пред Едисон се обидувале да направат електрична сијалица, но Џозеф Свон е оној кој успеал да се справи со проблемите со коишто се соочувале тие. Во 1860 тој ја направил првата сијалица, но иако неговиот прототип работел одлично, не бил поволен за практична употреба. Џозеф добил и патент за неговиот изум.
Едисон нашол начин да ја направи сијалицата попрактична и го имплементирал ова решение. Што значи, Едисон само го подобрил дотогаш постоечкиот модел, за што бил тужен. На крај, тие ги здружиле силите и ја направиле компанијата Edison-Swan United и почнале заедно да произведуваат сијалици.
Едисон (лево) и Сван (десно)
Мит 7: Исак Њутн ја добил идејата за гравитацијата кога му паднало јаболко врз главата
Според легендата, Исак Њутн си седел под јаболкница, кога од дрвото паднало јаболко и го удрило по лавата. Токму во овој миг тој ја доби идејата за законот за гравитација, која подоцна успеал и да ја докаже. Вистинската приказна е малку поразлична.
Поради пандемијата која пустошела во Англија во 1660-тите, Исак морал да паузира од студиите на Кембриџ и да се врати кај родителите.
Тој период додека бил во градината се загледал во јаболко што паѓа и почнал да се прашува зошто јаболкото, заедно со сè друго, паѓа надолу, а никогаш нагоре или настрана.
Размислувајќи на оваа тема, ја добил идејата за привлечната сила меѓу сите тела, односно гравитацијата. Во 1687 тој го издава и својот труд во кој ја објаснува и докажува неговата теорема, заедно со трите Њутнови закони за движење.
Нема ниту еден запис кој докажува дека јаболкото му паднало врз глава.
Мит 8: Громот не удира двапати на исто место
Наводно, ова е народна изрека која е метафора за лошите животни ситуации и има за цел да понуди некаква утеха. Или, ако ви се случи нешто лошо, мала е веројатноста двапати да ви се случи истото лошо нешто.
Кога станува збор за вистински громови, изреката е потполно погрешна – громот може и честопати удира неколкупати во истото место, особено ако станува збор за висок и изолиран предмет, градба или слично.
Спирова С. | Црнобело