Ја нарекуваат наследничката на Неџла, го фасцинирала Бред Пит – која е прекрасната Ханде Ерчел?!
Мошне веројатно е дека повеќето од вас се сеќаваат на природната убавица Фахрије Евџен – поточно Неџла од дамнешната турска серија „Кога лисјата паѓаат“.
Фахрије со сигурност важи за една од најквалитетните и најистакнати актерки на турското поднебје, но се чини дека рамо до рамо до неа застана нејзината млада колешка, прекрасната Ханде Ерчел.
Оваа млада, турска актерка на своja 27-годишна возраст зад себе има повеќе успешни проекти, но особено го привлече „окото на јавноста“ појавувајќи се во серијата „Чукни на мојата врата“ (Sen Çal Kapımı).
За оваа серија која жанровски припаѓа во романтичните комедии нескромно бил предвиден висок рејтинг, но бројките коишто биле евидентирани подоцна ги надминале сите очекувања.
Особено внимание уште од самиот почеток на снимањето на серијата привлекол односот на двајцата главни актери, убавата Ханде и шармантниот Керем Бурсин (34).
Иако Ханде и Керем подолг период не сакале да ги потврдат „шпекулациите“ околу нивната романса, на крајот парот пресекол и решил дека нема зошто повеќе да се крие.
https://www.instagram.com/p/CPsUVcYAKR5/
https://www.instagram.com/p/CJeCwcKgazr/
Како што кружат гласините, љубовта помеѓу главните актери навистина „цути“, што може да се забележи и на нивните бројни заеднички појавувања на малите екрани.
Јавното признание на нивната љубовна врска дополнително ја засили веќе постоечката „армија“ фанови на горенаведената серија.
https://www.instagram.com/p/CDg-OhdAmhc/
https://www.instagram.com/p/CJazJvXgU8h/
Во едно од своите интервјуа Керем изјавил дека во Ханде се вљубил уште од самиот почеток и дека не можел да одолее на нејзината енергија и добрина.
Уште еден интересен факт кој ја распламна јавноста е поврзаноста на убавата Ханде со легендарниот Бред Пит.
Имено, извор близок до актерката изјавил дека Бред бил импресиониран гледајќи ја Ханде во една од нејзините улоги и оттогаш многу често го посетувал нејзиниот Инстаграм профил.
Иако постоеа гласини околу прекинувањето на серијата „Чукни на мојата врата“, токму поради наводна, бурна расправија помеѓу двајцата главни актери, сепак таа неодамна започна со емитување на нејзината втора сезона.
Во продолжение повеќе фотки од прекрасната Ханде:
Мила М. | Црнобело