Интересни факти за Африка - најтоплиот континент на Земјата
Овде се наоѓа најстарата образовна институција
Во Мароко се наоѓа универзитетот Ал-Караун, основан во 859 година од нашата ера, и тоа од страна на две жени. Ова го прави најстариот универзитет во светот кој уште е во функција. За споредба, најстариот европски универзитет е Болоња, основан во 1088 година.
Се верува дека првите луѓе потекнуваат од Африка
Според досегашните наоди, археолозите сметаат дека првиот „модерен“ човек, односно Homo sapiens, потекнува од Африка, од пред околу 200.000 години. Се верува дека некои од нив првпат го напуштиле континентот пред околу 70.000-100.000 години.
Најверојатно и кафето потекнува од Африка
Археолозите веруваат дека кафето првпат се одгледувало во Етиопија. Според легендата, некој козар забележал дека откако неговите кози јаделе од едно растение, имале повеќе енергија, па решил да го проба. Козите всушност јаделе зрна кафе.
Африка е најтоплиот континент на Земјата
Температурите во поголемиот дел од Африка се постојно високи. Сушната сезона обично трае по 6 месеци, а на некои места врне дожд едвај 3 месеци годишно.
Просечната температура на континентот е околу 28 степени Целзиусови во лето, и 18 степени во зима. Највисоката температура во Африка е измерена во Тунис, на 7 јули 1931, и изнесувала 55 степени Целзиусови.
Спирова С. | Црнобело