- Check if RSS URL is online
- Check if RSS contains items
Интересни факти за Африка - најтоплиот континент на Земјата
На континетот има три монархии и над 3.000 различни етнички групи, а археолозите сметаат дека модерниот човек - Homo sapiens - потекнува токму од Африка.
Најчесто Африка ја поврзуваме со сиромаштија и проблеми, но овој континент е навистина волшебен.
Точно е дека голем дел од населението живее во сиромаштија и овде уште пустошат болести кои ние веќе и сме ги заборавиле, но Африка е континент како ниту еден друг. Знаевте ли дека модерниот човек, потекнува токму од Африка?
Погледнете неколку забавни факти кои ќе ви докажат дека Африка е незаменлив континент:
Има над 3.000 различни етнички групи
Во Африка има повеќе од 3.000 етнички групи, кои зборуваат над 2.000 различни јазици. Овие луѓе имаат и разни религии, како христијанство, ислам, јудаизам, но и религии специфични за одредени етнички групи.
На континентот има и монархии
Моментално, на африканскиот континент има три монархии – кралството Мароко во Северозападна Африка, кралството Есватини во Јужна Африка и кралството Лесото исто така во Јужна Африка.
Албино луѓето се презирани
Во многу делови од Африка, луѓето со албинизам се дискриминирани, најмногу поради суеверијата на народот.
За среќа, нештата постепено се менуваат и се преземаат мерки за жителите да сфатат дека албинизмот е сосема нормална појава.
Во некои градови животот е поскап и од најголемите метрополи
Иако големиот дел од населението живее во сиромаштија, во некои градови животот е екстремно скап. Според извештај од 2021-ва, главниот град на Чад – Нџамена – е 13-иот најскап во светот. За споредба, Њујорк се наоѓа на 14-то место, а Лондон на 18-то. Париз, пак, не е ни во првите 20.
Продолжува на следната страна...