150 години од раѓањето на Марсел Пруст: „Среќата е корисна за телото, но тагата е таа што ги развива моќите на умот“

„Во потрага по изгубеното време“ е едно од неговите најпознати дела со кое оставил силен печат во светската книжевност. Со причина Марсел Пруст се смета за еден од највлијателните писатели на 20 век.

150-godini-od-ragnjanjeto-na-Marsel-Prust-01.jpg

Роден е на 10 јули, 1871 година во Франција. Врз неговиот пишувачки стил големо влијание извршиле Оноре де Балзак и Густав Флобер.

Пруст ќе остане запаметен како еден од најинтригантните писатели со исклучително интересен и ексцентричен начин на живот и размислување, а неговите цитати се најдобриот доказ за тоа каква личност всушност бил тој:

„Времето кое ги менува луѓето, не ја менува сликата која ние ја имаме за нив.“

„Среќата е корисна за телото, но тагата е таа што ги развива моќите на умот.“

„Вистинскиот рај е рајот кој сме го изгубиле.“

„Ако сакаме да ја направиме реалноста поднослива, мора да негуваме една или две фантазии.“

„Помнењето на работите од минатото не значи и нужно помнење на работите какви што навистина биле“.

„Како и многу други интелектуалци, тој не беше способен да каже едноставна работа на едноставен начин.“

„Љубовта е најдобар пример за тоа колку малку ни значи реалноста.“

Мојата крајна цел повеќе не е конкретно место, туку нов начин на гледање на работите.“

„Љубовта е простор и време измерено со срцето.“

150-godini-od-ragnjanjeto-na-Marsel-Prust (2).jpg

„Ние не можеме да примиме мудрост, ние мораме самите да ја откриеме откако ќе поминеме пат на кој никој друг не може да нè однесе или да нè поштеди од него.“

„Заздравуваме од страдањето само ако целосно го искусиме.“

„Луѓето кои не се заљубени не можат да разберат како интелигентен маж може да страда поради една многу обична жена. Ова е како да бидете изненадени што кој било може да биде заразен од колера поради нешто толку небитно како обична бактерија.“

„Задоволствата се како фотографии: во присуство на личноста која ја сакаме, правиме само негативи, кои подоцна ги развиваме кога сме дома, кога имаме пристап до нашата внатрешна темна соба, чија соба е строго забранета да се отвора додека се присутни други луѓе.“

„Мислам дека животот одеднаш би ни изгледал прекрасен доколку ни се закани смрт, како што велите. Само помислете на тоа колку многу проекти, патувања, љубовни врски, студирања крие нашиот живот од нас самите, станале невидливи заради нашата мрзливост, која, убедена во иднината, ги одложува до бескрај. Но, доколку врз сето ова падне закана дека овие работи засекогаш ќе бидат невозможни, колку сè би станало прекрасно одново. Ах!

„Катаклизмата не се случува, ние нема да направиме ништо од тоа, затоа што се наоѓаме себеси назад во срцето на нормалниот живот, каде што занемарувањето ја убива желбата. А сепак, не би требало да ни е потребна катаклизма за денес да го сакаме животот. Би требало да е доволно само да помислиме дека сме луѓе и дека смртта може да се појави уште вечерва.“

150-godini-od-ragnjanjeto-na-Marsel-Prust (1).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg