На ракија со Џони Деп, најмногу пари трошат на храна - факти за српските, евровизиски ураганки кои го „запалија“ Ротердам

„Ова е повеќе од ураган, цунами и земјотрес во едно“, „Девојки круната е ваша“ – се само дел од коментарите по полуфиналниот, спектакуларен евровизиски настап на српските претставнички – единствените Hurricane.

Na-rakija-so-Dzoni-Dep-najmnogu-pari-troshat-na-hrana- fakti-za-srpskite-evroviziski-uraganki-koi-go-zapalija-Roterdam 01 630x330.jpg

Експлозивното, енергично, ураганско „шоу“, прекрасните гласови и брзата, динамична мелодија, со брзина на светлината ја освои цела Европа, па не е ни чудно што овие три девојки се најдоа во „топ три“ листата од страна на новинарското жири, уште за време на генералните проби.

Поради ситуацијата со корона вирусот, атрактивните девојки минатата година беа оневозможени својата земја да ја претстават со песната Hasta La Vista, но сепак оваа година среќата им се насмевна и велат дека доаѓаат поспремни од кога било.

Имено, групата Hurricane е основана во 2017 година на Карипските острови и ја сочинуваат извонредните Сања Вучиќ, Ивана Николиќ и Ксенија Кнежевиќ.

Na-rakija-so-Dzoni-Dep-najmnogu-pari-troshat-na-hrana- fakti-za-srpskite-evroviziski-uraganki-koi-go-zapalija-Roterdam 02 630x400.jpg

На нашите соседи им посакуваме што повисок пласман, а во продолжение за вас откриваме повеќе детали за прекрасните ураганки:

Сања Вучиќ

Сања Вучиќ е родена на 8 август 1993 година во Крушевац, Србија. Завршила во средното музичко училиште „Стеван Христиќ“ во Крушевац, насока соло пеење.

Таа е дипломиран студент на Филолошкиот факултет во Белград на Катедрата за ориенталистика, насока арапски јазик и литература.

Течно зборува шпански, португалски и италијански јазик и поседува два сертификата од британскиот конзулат за англиски јазик.

https://www.instagram.com/p/COvDds_pe8q/

Таа била член на црковниот хор и повеќе бендови. Имено, за дивата Сања ова не е прво запливување во евровизиските води.

Во 2016 година таа исто така ја претставуваше Србија со песната „Збогум“ и се пласираше на 18-то место.

Во раните, детски години била заљубена во Рики Мартин, a пред почетокот на 2021 година таа ја прекина повеќегодинешната врска со Никола Ѓорѓевиќ, за јавноста познат како „некогашен дечко на Сања“ и учесник во реалното шоу „Задруга“.

https://www.instagram.com/p/CKrA4omJGni/

Ивана Николиќ

Ивана Николиќ е родена на 16 април 1995 година во Ниш, Србија.

Таа е студент на Универзитетот Унион, Катедра за деловна економија во Белград и на Економскиот факултет во Ниш.

https://www.instagram.com/p/COxLgn6tBX6/

На 14-годишна возраст се запишала во школата за танцување „Бум 018“ во Ниш, каде останала член и во следните 6 години.

https://www.instagram.com/p/CLB4YzPjbF5/

За време на школувањето за танцување, Ивана учествувала на национални и европски натпревари, каде што се здобила со бројни награди и со тоа станала повеќекратен шампион во танцување.

Пред да заплива во музичките води, Ивана се појавуваше во повеќе видео спотови на познати музички ѕвезди во улога на танчерка.

Na-rakija-so-Dzoni-Dep-najmnogu-pari-troshat-na-hrana- fakti-za-srpskite-evroviziski-uraganki-koi-go-zapalija-Roterdam 03 630x400.jpg

Нејзин детски идол е Џони Деп, кој за огромна среќа и чест имала прилика да го запознае во Белград, заедно со останатите девојки од групата.

„Пиевме ракија и јадевме ќебапчиња. Се гледа дека е начитан и интелектуален тип“.

Na-rakija-so-Dzoni-Dep-najmnogu-pari-troshat-na-hrana- fakti-za-srpskite-evroviziski-uraganki-koi-go-zapalija-Roterdam 04 630x400.jpg

Ксенија Кнежевиќ

Ксенија Кнежевиќ е родена на 24 јануари 1996 година во Белград, Србија. Завршила во музичкото училиште „Воислав Вучковиќ“, насока пијано.

Таа е дипломиран студент на Факултетот за медиуми и комуникации, Универзитет Сингидунум, оддел за дигитален маркетинг во Белград.

https://www.instagram.com/p/COIySNAJspb/

Учествувала на бројни фестивали како што се „Нишки средби“ во Ниш, „Поп рок деца“, „Чаролија“, „Беовизија“.

Од 2015 година Ксенија активно настапувала како придружен вокал на фестивали и концерти на српски пејачи како што се Жељко Јоскимовиќ, Дадо Топиќ и нејзиниот татко Ненад Кнежевиќ Кнез, кому беше придружен вокал на Евровизијата во Виена во 2015 година.

Нејзина симпатија од детството е Енрике Иглесијас, а од 2015 година Ксенија е во среќна, љубовна врска за која не сака да открива премногу детали во јавноста.

Ксенија, како и останатите две ураганки повеќепати изјавила дека најголем дел од парите со сигурност ги троши на храна и дека сите три се гурманки во вистинска смисла на зборот.

Во продолжение повеќе фотки од прекрасните Hurricane:

Мила М. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
„Не ја сфаќам опседнатоста на фановите со Силви во ‘Emily in Paris’“: Која е харизматичната Филипин ... За некого Емили е омилениот лик од серијата Emily in Paris, други го обожаваат Л...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg