Која е Мелинда Гејтс, а која е жената за која се „шушка“ дека е причината за разводот од Бил?

Тие тврдат дека нивниот брак е скршен, но дека ќе се разведат цивилизирано и мирно. После 27 години брак, еден од најбогатите парови во светот, Бил и Мелинда Гејтс, решија да стават точка на нивниот брачен живот.

Koja-e-Melinda-Gejts-01.jpg

Парот нема предбрачен договор, што значи дека богатството од 130 милијарди долари очигледно ќе го поделат на половина, не планирајќи ништо да им остават на нивните деца во наследство.

Но, која навистина е Мелинда Гејтс? А која е жената за која се шушка дека ја инспирирала на ваквиот чекор за развод?

Мелинда Гејтс има 56 години, и е мајка на три деца: Фиби, Рори и Џенифер. Во светските кругови Мелинда е позната како голем добротвор. За неа се вели дека учествувала рамноправно со Бил во изградбата на империјата наречена Мајкрософт од 1987 година.

Koja-e-Melinda-Gejts (6).jpg

Се шпекулира дека Мелинда добила желба за развод во моментот кога Мекензи Скот, реши да се разведе од Џеф Безос, основачот и сопственикот на Амазон, кој ѝ беше неверен на сопругата.

Koja-e-Melinda-Gejts (3).jpg

Мекензи сега „тежи“ 60 милијарди долари, а минатата година донираше 6 милијарди во добротворни цели. По разводот, Мекензи повторно се нашла со нејзината средношколска љубов и се омажи со него во март годинава.

Мелинда и Мекензи се здружиле и започнале заеднички проект со мотото „Еднаквоста не може да чека“, чија цел е да ги финансира компаниите коишто го шират влијанието на жените и правата на жените.

Koja-e-Melinda-Gejts (5).jpg

Бидејќи двете жени имаат многу заеднички работи, се верува дека наводно животот и искуството на Мекензи биле пресудниот фактор што ја натерал Мелинда да поднесе барање за развод.

Koja-e-Melinda-Gejts (4).jpg

Прочитајте 6 интересни факти од животот на Мелинда Гејтс:

1. Таа не планирала да работи во Мајкрософт

Откако дипломирала на Универзитетот Дјук, на Мелинда ѝ понудиле работа во IBM, но и во Мајкрософт. Кога дошла на интервјуто за работа во IBM, менаџерот за вработување ѝ предложил да отиде во „Мајкрософт“ бидејќи „има големи шанси за напредување“. Така, Мелинда се вработила како маркетинг-менаџер во Мајкрософт.

2. Технологијата отсекогаш била важен дел од животот на Мелинда

Како ќерка на инженер од програмата „Аполо“, Мелинда се сеќава на бесконечен број на лансирање ракети. Таа била маѓепсана од „моментот на полетување“. Овие моменти, заедно со компјутерот на нејзините родители предизвикале неверојатен интерес за технологијата кај Мелинда.

3. Мелинда е копретседателка на фондацијата „Бил и Мелинда Гејтс“

Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс е една од најголемите добротворни организации во светот, основана во 2000 година. Мелинда во една прилика открила дека оваа организација ја започнала по посетата на Африка во 1993 година.

„Нè трогна екстремната сиромаштија и луѓето што живеат таму. Почнавме да поставуваме прашања – Дали треба да биде така?“

Од тој момент, Мелинда започнала повеќемилионски донации. Неодамна на Универзитетот „Емори“ таа му доделила грант од 180 милиони долари за истражување на смртноста кај децата.

Koja-e-Melinda-Gejts (1).jpg

4. Таа планира да го донира сето свое богатство во добротворни цели

Кампањата на Бил, „The Giving Pledge“ од 2010 година, започнала како еден вид на предизвик според кој богатите ги оставаат своите пари во добротворни цели. Еден од основачите на оваа кампања е Ворен Бафет, кој изјави дека повеќе од 99 проценти од своето богатство ќе го вложи во филантропија.

5. Го добила претседателскиот медал за слобода

Токму поради нивната добротворна работа и посветеност, Мелинда и Бил Гејтс биле наградени со претседателски медал за слобода во 2016 година. Тоа е најголемата можна цивилна чест.

Фондацијата на Мелинда вложила во компании кои се залагаат за платено семејно/породилно отсуство, обезбедуваат примарни услуги за ментално здравје на тинејџерите и имаат цел да го надминат родовиот јаз.

6. Мелинда е на шестото место на списокот на најмоќни жени во светот според Форбс

Списанието Форбс изјави дека Мелинда е „виновникот“ за огромниот напредок во поглед на здравјето на жените ширум светот, користејќи ги сопствените напори да ја намали смртноста на мајките за 57 проценти во Етиопија во последните 30 години.

Koja-e-Melinda-Gejts (7).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg