Сегашното американско знаме е дизајнирано од средношколец и уште 10 несекојдневни факти кои ќе ве остават без зборови

21-от век претставува асоцијација на нови технологии, знаења и идеи.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 01 630x330.jpg

Научната област непрекинато напредува, а знаењата и истражувањата секојдневно нараснуваат.

Со оглед на новитетите кои молневито ги носи оваа модернизирана ера, во продолжение за вас одделивме неколку забавни факти кои со сигурност ќе ве изненадат:

Првите портокали всушност не биле портокалови

Колку и да звучи неверојатно, оригиналните портокали од Југоисточна Азија биле комбинација од мандарина и помело и тие всушност биле зелени.

Имено, портокалите во потоплите региони како Виетнам и Тајланд, сè уште остануваат зелени до самата зрелост.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 02 630x420.jpg

Шкотскиот јазик изобилува со над 400 зборови кои го означуваат зборот „снег“

Тие имаат зборови соодветни да опишат секаков вид на снег, како што е снегот што е повеќе сличен на дожд, снегот што паѓа со поголема брзина, слабите врнежи на снег итн.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 03 630x420.jpg

Најдолгиот англиски збор има 189.819 букви

Доколку сакаме да го кажеме овој збор на глас би ни требале цели три и пол часа.

Зборот е всушност име на протеин, познат и како титин. Бидејќи обично имињата на протеините ги сочинуваат имињата на хемикалиите од коишто се составени, а овој протеин се смета за најголемиот што е откриен досега, неговото име го сочинуваат 189.819 букви.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 04 630x420.jpg

Човекот со најдлабокиот глас на светот може да испушти звуци коишто луѓето не можат да ги слушнат

Тим Стормс, дури и самиот не може да ја слушне нотата што е осум октави под најнискиот тон сол (G) на пијаното – но, верувале или не, слоновите можат.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 05 630x420.jpg

Сегашното американско знаме е дизајнирано од средношколец

Сѐ започнало како училишен проект за час по историја за кој младиот Боб Хефт добил задоволителна оцена во 1958 година. Неговиот дизајн се состоел од 50 ѕвезди, иако Алјаска и Хаваи сè уште не биле држави.

Хефт сметал дека владата треба да го види неговиот дизајн. Откако претседателот Двајт Ајзенхауер бил импресиониран од трудот на Боб, неговиот наставник ја променил оцената во „одлична“.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 06 630x420.jpg

Кучињата го чувствуваат убавиот мирис преку левата ноздра

Кучињата вообичаено почнуваат да душкаат со десната ноздра, доколку мирисот може да сигнализира опасност, но кога станува збор за нешто пријатно и познато - тие веднаш се префрлаат на левата страна.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 07 630x420.jpg

Имаме само два дела од телото кои никогаш не престануваат да растат

Човечките носеви и уши стануваат сè поголеми, дури и кога растот од остатокот на телото сосема ќе запре.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 08 630x420.jpg

Компанијата „Мерцедес“ измисли автомобил управуван од контролен уред во вид на „џојстик“

Имено, педалите и воланот за координирање на брзината и насоката на автомобилот „Мерцедес Ф200“ од 1996 година, биле заменети со контролен уред во вид на таканаречениот „џојстик“.

Автомобилот можел да насети и на која страна седи возачот, за некој да може да го контролира и од совозачкото седиште.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 09 630x420.jpg

Пчелите можат да летаат повисоко од Монт Еверест

Пчелите можат да летаат повисоко од 8999 метри надморска височина, што според National Geographic е повисоко од Монт Еверест, највисоката планина во светот.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 10 630x420.jpg

Бетовен никогаш не ги владеел математичките операции множење и делење

Лудвиг ван Бетовен е несомнено еден од најголемите композитори во музичката историја.

Познатиот пијанист посетувал латинско училиште каде што научил малку математика, но никогаш не ги совладал операциите множење и делење, туку единствено научил да собира.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 11 630x420.jpg

Косата на Нил Армстронг е продадена во 2004 година за 3.000 американски долари

Среќниот купувач, Џон Резникоф го држи Гинисовиот рекорд за најголемиот колекционер на коса на историски познати личности, а дел од неговата колекција претставува и косата на Нил Армстронг.

Segashnoto-amerikansko-zname-e-dizajnirano-od-srednoshkolec-i-ushte-10-nesekojdnevni-fakti-koi-kje-ve-ostavat-bez-zborovi 12 630x420.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg