Членовите од семејството имаат различни презимиња и уште 13 забавни факти за Исланд
Исланд е мала островска држава во Европа, со само околу 300.000 жители. Но иако е мала, оваа држава крие многу неверојатни работи – од волшебни и надреални пејзажи, сè до интересни култура и начин на живот.
Во продолжение погледнете неколку забавни факти за Исланд кои сигурно не сте ги знаеле:
Имаат семафори со срциња
Во градот Акурејри, наместо црвени кругови, семафорите имаат срциња за црвеното светло. Наводно, овој проект бил реализиран во 2008-ма, за време на финансиската криза. Сакајќи да им го подобрат расположението на жителите, локалните власти го промениле изгледот на семафорите.
Апликација за состанување со интересна опција
Исланд е мал остров со население од околу 360.000 жители, па неретко луѓето имаат роднини за кои воопшто не знаат. Имајќи го ова предвид, во Исланд била развиена апликација за состанување, со која корисниците можат да проверат дали некоја личност им е роднина. Апликацијата користи податоци од веб-сајт на кој се впишани сите Исланѓани, заедно со нивните роднински врски.
Сите членови на едно семејство можат да имаат разни презимиња
Кај нас, како и во многу други држави, децата го наследуваат презимето на таткото и обично сите членови на семејството имаат исто презиме. Но, во Исланд нештата се поразлични. Овде, кога пар ќе стапи во брак, жената го задржува своето презиме. Кога, пак, ќе добијат дете, неговото презиме е името на мајката или таткото, со додаден суфикс – „son“ за машки и „dottir“ за женски. Суфиксите во превод значат „син“ и „ќерка“.
Имаат збор кој значи „патување за сладолед“
Жителите на Исланд сакаат да јадат сладолед, без разлика на годишното време. Нивната љубов кон сладоледот е толку голема, што тие имаат збор - ísbíltúr - кој може да се преведе како „патување за сладолед“. Односно, зборот означува патување од едно до друго место, со цел да пробате различни сладоледи од различни места.
Во Исланд можете да пливате помеѓу две тектонски плочи
Во Исланд се наоѓа единственото место на Земјата каде што можете да пливате помеѓу две тектонски плочи. Кога ќе застанете меѓу нив, вие буквално ќе се наоѓате помеѓу тектонските плочи на два различни континенти – Северна Америка и Евроазија.
Овде беше избрана првата жена претседател во светот
Вигдис Финбогадотир е поранешна претседателка на Исланд, но и првата жена претседател во светот. Пред изборите во 1980-та, феминистките од државата се фокусирале на тоа да добијат жена претседател. Истата година, Вигдис беше во трка против тројца машки кандидати и победи на изборите. Поле првиот мандат, таа се кандидира и победи уште еднаш, овојпат без конкуренција. Таа победи и на изборите во 1988 и 1992 година.
Немаат McDonald’s ресторани
Првиот McDonald’s во Исланд бил отворен во 1993-та, а во 2009-та беше затворен последниот ресторан од синџирот во државата. Откако во Исланд се отвориле Burger King и KFC, жителите изгубиле интерес за McDonald’s, а големо влијание имала и кризата во 2008 година.