Многу инсекти, гужва од туристи: 11 факти за животот на Хаваи
На Хавајските Острови природата е рајска, но, за жал, таа страда затоа што премногу се гради и има многу отпад од туристите. Како живеат локалците таму?
Кога ќе се спомене одмор од соништата, многумина помислуваат на Хаваи.
Хавајските Острови се наоѓаат среде Пацифичкиот Океан и имаа рајски плажи, но сепак дали сѐ изгледа така како во филмовите?
Како живеат локалците? Дали секојдневието е излежување на плажа и пиење на кокос од цевка?
Факти за животот на Хаваи:
Пејзажите се прекрасни, но не се баш како на туристичките прошури
Во 80-тите години на островите навистина било рај, малку луѓе, убави плажи, топло ветре и слобода. Но, сега на Хаваи има премногу туристи и доселеници кои бараат поубав живот.
Постојано се градат нови хотели и куќи, шопинг центри и градбите изгледаат сиво и мрачно. Се прават гужви во сообраќајот и тешко е да се стигне на посакуваната дестинација.
Некогаш празните плажи, сега се преполни со туристи и многу од локалците не успеваат да ги видат плажите празни, како што се прикажани на филмовите.
Хаваи е вулкански архипелаг, па некои крајбрежни места се покриени со лава, црн песок и растенија и не е лесно да пристапите до водата.
Никој нема да ве чека на аеродром со цвеќе
Давањето на цветен „ѓердан“ на секој турист е скапо и само неколку компании навистина ги дочекуваат туристите со цвеќе, а често ова задоволство и се наплаќа. Но, затоа пак во рестораните кога некој слави роденден или има некој повод може да добиете гратис.
За туристите овие цветни ѓердани се дел од забавата, но за локалците тие се важен симбол и ги носат само со повод за големи настани, никогаш не ги носат само онака.
Локалците ќе ги препознаете по стилот
Тие се облекуваат лесно и лежерно со влечки или сандали, а дури и во елитни ресторани можете да ги видите со шорцеви и влечки. Исто така, за бизнис средби не е необично да носат кошули со цветни дезени.
Ананасот го користат како лек
Ананасот содржи некои ензими кои ги намалуваат воспаленијата, ја подобруваат циркулацијата, ги намалува менструалните болки и ги релаксираат мусуклите, па локалците често си го користат ова овошје како лек.
Жените на Хаваи ставаат ананас на масата за добредојде на гостите и ова овошје стана симбол на нивната гостопримливост.
Многу е скапо да се живее таму
Просечна цена за да купите дом на Хаваи е околу 580.000 евра, а и кирија е околу 2.250 евра месечно.
Има прекрасна храна од сите страни на светот