Некогаш дискриминирана, денес глобален портпарол на УНИЦЕФ - Факти за сексапилната Салма Хајек

Сликовитиот приказ дека „годините се само бројка“ непрекинато е докажуван од кој ако не - мексиканската актерка и продуцентка, Салма Хајек Пиналт.

Nekogash-diskriminirana-denes-globalen-portparol-na-UNICEF-fakti-za-seksapilnata 01 630x330.jpg

Покрај нејзиниот неприкосновено совршен изглед, оваа актерка претставува синоним за вистинска „жена од акција“.

Најголемиот холивудски дострел го постигна со улогата во маестралниот „Десперадо“ на Роберт Родригез, за на крајот да се искачи на врвот на филмската индустрија со номинaција за Оскар со филмот „Фрида“, каде што покрај главната улога, таа е и продуцентка.

Во продолжение ви наведуваме  интересни факти за животот и делото на Салма Хајек:

1. Салма Хајек е родена на 2 септември, 1966 година

Нејзиното родно место е Коацакоалкос, најголемиот пристанишен град во јужниот дел на мексиканската држава Веракруз. Нејзината мајка била Шпанка, додека татко ѝ бил Либанец.

Воспитувана во добростоечко католичко семејство, Хајек посетувала манастирско училиште во Луизијана на своја 12-годишна возраст и живеела со својата тетка во Хјустон, Тексас, за време на своите тинејџерски години.

Студирањето го започнала на универзитет во Мексико Сити, но за брзо време се отажала, давајќи ѝ примарно место на нејзината актерска кариера, така што за брзо време станала вистинска теленовелска ѕвезда во родното Мексико.

Nekogash-diskriminirana-denes-globalen-portparol-na-UNICEF-fakti-za-seksapilnata 02 630x370.jpg

2. Се соочува со дискриминација поради нејзината националност

На 24 години, Салма се преселила во Лос Анџелес за да ја продолжи својата актерска кариера, но открила дека вратите ѝ биле затворени затоа што била Латиноамериканка.

За ова непријатно искуство, во едно од нејзините интервјуа таа изјавува:

„Имаше студиски управители кои ми велеа: Можеше да бидеш најголемата ѕвезда во Америка, но си се родила во погрешна земја. Никогаш не можеш да бидеш водечка дама, затоа што не можеме да ризикуваме да ја отвориш устата, а луѓето да мислат дека си слугинка“.

Nekogash-diskriminirana-denes-globalen-portparol-na-UNICEF-fakti-za-seksapilnata 03 630x370.jpg

3. Во дваесетите години се соочила со блага депресија

Околу 25-годишна возраст Салма се соочила со првата „поголема“ непријатност, како што таа изјавува. Хајек повеќепати ја одбивала соработката со новинарите со причината дека страда од „тешка“ депресија поради состојбата на нејзиното лице и по ниедна цена не сакала да ја напушти својата куќа.

Имено, нејзината кожа, особено на лицето била прикриена со големи акни. Сепак, таа непријатна етапа сега е одамна надмината.

Nekogash-diskriminirana-denes-globalen-portparol-na-UNICEF-fakti-za-seksapilnata 04 630x473.jpg

4. Добитник е на награда за најдобра „гола“ сцена во 2006 година

Оваа исклучително сексапилна актерка повеќепати ја има докажано својата професионалност, а на тоа се надоврзуваат и нејзините слободоумни сфаќања.

Салма нема никаков проблем да се разголи во филмовите.

Всушност, таа дури и доби награда за „Најдобра гола сцена“ во 2006 година за нејзината сцена со Колин Фарел во „Прашај ја прашината“.

Таа е всушност единствена награда за освојување, за која повеќето луѓе веројатно не ни знаеја дека постои.

Nekogash-diskriminirana-denes-globalen-portparol-na-UNICEF-fakti-za-seksapilnata 05 630x370.jpg

5. Во раната младост ѝ била дијагностицирана дислексија

Восхитувачки е тоа што покрај фактот дека Хајек се борела со дислексијата, таа сепак продолжила да учи англиски и да достигне светска актерска кариера.

6. Салма Хајек го претворила својот дом во засолниште за животни

Добропознат е фактот дека оваа актерка ги обожава животните. Верувале или не, во текот на целиот свој живот таа имала најмалку 50 миленичиња.

Нејзиниот дом станал засолниште за животни. Освен кучиња, Салма чувала и папагали, коњи и алпаки.

Nekogash-diskriminirana-denes-globalen-portparol-na-UNICEF-fakti-za-seksapilnata 06 630x370.jpg

7. Учествувала на протестите против убиства на жените во Мексико

Глобалното изчезнување на жените во Мексико довело до голем протест на кој учествувала и самата Салма Хајек.

Протестот се одржал во Хуарез, кој се смета за „главен град на убиството“ во Мексико.

Nekogash-diskriminirana-denes-globalen-portparol-na-UNICEF-fakti-za-seksapilnata 07 630x419.jpg

8. За нејзината фит-линија практикува систем за самоодбрана развиен за израелските одбранбени сили

За визуелната форма на оваа актерка навистина е излишно да се зборува. На 53-годишна возраст, таа практикува интензивен тренинг за самоодбрана, развиен за припадниците на израелските одбранбени сили.

Тоа значи дека Салма се придржува кон интензивна рутина за вежбање, па не е ни чудно што во петата деценија од својот живот таа изгледа завидувачки.

Nekogash-diskriminirana-denes-globalen-portparol-na-UNICEF-fakti-za-seksapilnata 08 630x370.jpg

9. Се венчала на Денот на вљубените, па затоа нејзината ќерка го носи името Валентина

Салма се омажи за нејзиниот сопруг Франсоа на Денот на Вљубените, во 2009 година. Случајно, или пак можеби не, ќерката на Сeлма се вика Валентина.

Nekogash-diskriminirana-denes-globalen-portparol-na-UNICEF-fakti-za-seksapilnata 09 630x370.jpg

10. Tаа е втора Латиноамериканка номинирана за Оскар за најдобра актерка

Салма Хајек испиша историја за Латинска Америка, бидејќи беше втора латиноамериканска актерка номинирана за Оскар за најдобра актерка со улогата на Фрида.

Оваа улога значително ѝ помогна во растот на нејзината кариера.

Nekogash-diskriminirana-denes-globalen-portparol-na-UNICEF-fakti-za-seksapilnata 10 630x354.jpg

11. Нејзиното име на арапски значи „мир“

Родителите на Салма ја именувале совршено. Нејзини блиски луѓе велат: „Кога би можеле да ја опишеме Салма со еден збор, тој би бил „мирољубивост“.

Таа секојдневно помага на различни организации, верува во еднаквост и како што наведовме погоре, е огромен љубител на животни.

Еден од воодушевувачките факти е тоа што како глобален портпарол на УНИЦЕФ и „Памперс“, Салма работела во кампања којашто ги покрила трошоците за една вакцина против тетанус, со секое продадено пакување на пелени.

Оваа филмска ѕвезда навистина се обидува да го направи светот подобро место за живеење.

Nekogash-diskriminirana-denes-globalen-portparol-na-UNICEF-fakti-za-seksapilnata 11 630x370.jpg

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
15 животни мудрости од кои се водат успешните луѓе (број 8 е клучна) Велат: „Богатите луѓе планираат за три наредни генерации, сиромашните за сабота ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg