Хитлер ја нарекол „најопасната жена во Европа“ – мрачни факти за Елизабета, кралицата-мајка
Имала проблеми со алкохолот
Иако кралицата секогаш изгледала средено и прибрано, изгледа имала сериозен проблем со пиењето. Според изворите таа пиела една пијачка попладне, црвено вино со ручекот, мартини со вечерата и неколку чаши шампањ пред спиење.
Недолично однесување
Во 1947-ма година, додека била на турнеја во Јужна Африка, Елизабета го покажала нејзиното вистинско лице. Имено, некој обожавател се доближил до нејзиниот автомобил, па таа го удрила силно по главата со нејзиниот чадор.
Ги обвинувала Едвард и Волис Симпсон за смртта на сопругот
По смртта на кралот Џорџ, Елизабета изјавила дека тој уште би бил жив ако не морало да го носи товарот на круната. Елизабета била убедена дека откажувањето на Едвард од титулата е единствената причина за смртта на сопругот.
Кралицата била толку гневна, што им забранила на Едвард и Волис да присуствуваат на погребот на кралот Џорџ.
Сама си ја побарала титулата по смртта на кралот
Откако умре Џорџ, на престолот седна нивната ќерка, сегашната кралица Елизабета II, но нејзината мајка не била задоволна што ќе ја изгуби титулата. Па, ѝ предложила на ќерка си да ја добие титулата кралицата Елизабета, кралицата-мајка.
Неконтролирано трошење
Иако нејзината популарност веќе се намалила, за кралицата мајка се појави скандал и во 1998-ма година. Тогаш се дозна дека таа повлекла 4 милиони фунти од сметката на кралското семејство, а со тоа станало јасно колку всушност троши.
Скоро никогаш не зборувала во јавност
Ова е можеби најчудниот факт што можете да го чуете за јавна личност, но кралицата мајка речиси никогаш не зборувала во јавноста. Некој период луѓето ја нарекувале и „Војвотката со насмевка“ поради ова.
Ја мразела Дијана
Кралицата мајка воопшто не ја сакала Дијана, особено после сите скандали со Чарлс. Истовремено, воопшто не ѝ се допаѓало што Дијана станала „принцеза на народот“ и сметала дека со нејзината отвореност кон јавноста, таа го валка кралското семејство.
Елизабета почина на 30-ти март 2002, на 101 година. Во последните години од животот се соочуваше со бројни здравствени проблеми, но сепак успеа да стане еден од членовите на кралското семејство со најдолг живот.
Спирова С. | Црнобело