Се навршија 112 години од раѓањето на Кочо Рацин – ненадминатиот македонски поет

Koста Апостолов Солев Рацин (Велес, 22 декември 1908 - Лопушник, 13 јуни 1943) или попознат како Кочо Рацин е еден од најпознатите македонски поети и основоположник на современата македонска книжевност.

112-godini-od-smrtta-na-Kocho-Racin-01.jpg

Неговата стихозбирка „Бели мугри“ издадена во Загреб, 1939 година, претставува едно од најзначајните дела во современата македонска поезија. Освен поезија, Рацин пишувал проза.

Прекарот Рацин доаѓа од неговата сакана Рахилка Фирфова - Раца. Рацин кратко време користел и друг псевдоним, Невен Пејко, кој го зел од неговата втора љубов - Невенка Вуиќ. Впрочем, за Рацин се тврди дека имал повеќе симпатии во текот на животот и исклучително лесно се вљубувал и одљубувал.

Неговите музи, Раца, Невенка, Магдалена, Даница го инспирирале на прекрасна поезија и бесмртни стихови кои вечно ќе лебдат во орбитата на македонската поезија.

Да се потсетиме на неговите најубави љубовни стихови и мисли:

„Го земам твоето име како мое, а затоа ти подарувам бесмртност, кондензиран воздив по тебе. Антологија на болката… и мое портрè ако побараш… капка крв од моето тело и душа – ја имаш веќе…

Моето идно име – ме врзува засекогаш со тебе… прости ми или преколнувај – сеедно. А јас сè љубам, сè проштевам и сè заборавам.

Едно жалам: Што не ја чув смислата преку звукот на твоите зборови… или барем нивната трага со мастило…“

„Откинувам од срцето атом на Болката и Ти го подарувам Тебе, за да го престориш во наслада… а соништата мои – бескрај на Нирвана…“

„Ах, визии, сон! Ме следиш и овде, сенко на мојот ум, низ оваа ноќ, додека плаче крвта во вениве мои по оние лудо расфрлани денови, со крик од Болката и Пламенитата Љубов - по две очи и две усни…“

„ О… ти Љубов! Милост, мој Боже на земјата! Би заплакал, знај, зад петиците твои кога уште еднаш би можел да сакам… Ќе ги отворам вените пред твојата страст: крвта моја да те засити. Не ли ги видов твоите очи среќни ниту шепотот на твоите мраморни усти - пламениот занес на оваа крв е последната строфа, за сè...“

„Во мојата уста твоето име, наместо Господовото“.

„…А сега – збогум…
Збогум ти Минато мило! Збогум ти срце од камен!…
Збогум… за секогаш…“

ТУКА погледнете го документарниот филм од последното интервју на Рахилка (Фирфова) Ѓоргова – РАЦА.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
8 факти и верувања што покажуваат зошто луѓето со зелени очи се посебни Знаевте ли дека најмногу луѓе со зелени очи се раѓаат во Шкотска, Ирска и северн...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg