Вонматерична бременост, рекорд за „најплатена актерка по минута“ - Факти за маестралната Никол Кидман
6. Во една прилика му го спасила животот на Хју Џекмен.
На снимањето на една од сцените за филмот Australia, Никол и Хју лежеле во вреќа за спиење, кога Никол забележала отровна скорпија на ногата на актерот.
Нејзината реакција? Таа тивко му шепнала на својот колега да не мрда, се наведнала, го зграбила животното со капа и го фрлила настрана, по што добила громогласен аплауз од целиот тим.
На прашањето на новинарите зошто едноставно не ја убила скорпијата, таа одговорила:
„Никогаш не би убила животно. Секое суштество има своја цел. На ова единствено не му беше местото на ногата на Хју“.
7. Ја одбила улогата во филмот Mr. and Mrs. Smith, но филмот му го препорачала на Бред Пит
Всушност, Бред ја одбил истата улога откако Кидман го напуштила проектот, поради нејзиниот преполн распоред.
Сепак, актерот се предомислил кога слушнал дека улогата е прифатена од Анџелина Џоли.
8. Била верена со Лени Кравиц
Во едно од нејзините интервјуа, таа открива дека по разводот со Том, во 2007 година не само што била во врска, туку и била верена со Лени.
9. Верувале или не, Никол за себеси вели дека е многу срамежлива.
„Не сум интровертна, но знам да бидам навистина срамежлива“, вели таа и на неколку наврати има изјавено дека по природа не е некој што се чувствува најудобно во секое опкружување, но се бори против тоа.
10. За да се подготви за улогата на филмот Birthday Girl, Кидман отишла во руската амбасада, со цел да го научи јазикот од жените вработени таму.
Како резултат на оваа несекојдневна одлука, таа се здоби со навистина позитивни критики околу нејзиното совладување на рускиот јазик, особено околу нејзиниот добар акцент.
Мила М. | Црнобело