Се запознале во емисија, има македонско потекло: Факти за сопругата на водителот Огњен Амиџиќ
Таа е светски супермодел, има 33 години, а во брак е со водителот Огњен Амиџиќ од 2012 година.
Огњен Амиџиќ ја запознал својата прекрасна сопруга во неговото Амиџи шоу. Успешната манекенка со македонско потекло Данијела Димитровска го воодушевила со изгледот на прв поглед.
„Точно е дека мојата сопруга ја запознав во емисија и се сеќавам дека на мене остави фантастичен впечаток кога ја видов за првпат. Знаев како изгледа бидејќи сум гледал нејзини фотографии во магазините, како и реклами, но дури кога ја видов во живо сфатив колку зрачи со префинета енергија и убаво воспитување.
Во тој миг не знаев дека ќе бидеме заедно, но навистина остави фантастичен впечаток на мене“, изјави Огњен за српските медиуми.
Гостувањето во емисијата беше во 2009 година. Наредната година почнаа да се состануваат, а се свршија во 2011 година во турското летувалиште Белек. Се венчаа во мај 2012 година, а една година подоцна го добија синот Матија.
Инаку Данијела зад себе има неверојатна кариера во светот на модата, била заштитно лице на најистакнатите модни куќи и омилен лик на познатите светски дизајнери. Од кампањи за Armani до насловни страници на Vogue и реклама со францускиот актер Винсент Касел за машкиот парфем „Yves Saint Loren“, таа постигна светска слава работејќи и живеејќи во Лондон, Милано, Њујорк...
Денес е ко-сопственичка на модната агенција Models inc. - Elite Model Look.
Извор: Инстаграм Gloria Magazin
За бракот со познатиот водител и музичар Данијела вели:
„Рецепт за совршен брак не постои. Тоа можеби можат да го кажат моите родители кои се повеќе од 30 години заедно. Како во секој брак постојат добри и лоши моменти и најважно е да се трудиш, да дадеш сѐ од себе, да работиш на себе, а со самото тоа и на заедницата.
Не да го поправаш партнерот, туку да работиш на себе. Мора да имате заедничка цел, особено кога имате дете.
Инаку, хармоничен брак од мој агол не е ист како хармоничен брак од агол на некој друг, па така не сакам да генерализирам и да давам рецепти. Секој брак е уникатен. “
Медиумите досега неколку пати пишуваа за криза во бракот на Данијела и Огњен, но парот ги демантираше гласините.
Инаку, Огњен ѝ ја има посветено песната „Данијела“ од групата Фламингоси, која за жал се распадна по смртта на актерот и музичар Маринко Маџгаљ. Тој му беше најдобар пријател на Огњен и до денес го споменува во своите емисии. Данијела многу тешко ја прифатила прераната смрт на нивниот семеен пријател и завршила во болница кога ја слушнала веста.
https://www.youtube.com/watch?v=n9q4-JQoQWE
Во медиумите се пишува дека Данијела има македонско потекло по некој од родителите, а родена во Пожаревац. Сега со Огњен живее во Белград.
Фотки од убавата сопруга и синот на Огњен Амиџиќ: