Природни катастрофи, ужасни патишта: 10 факти за животот во Бангладеш
Ако сте навикнати на комфор, оваа земја нема да ви се допадне
Патиштата им се лоши, јавниот превоз ужасен и пренатрупан, и за да стигнете до некои од поголемите градови може да ви требаат и 9 часа со автобус иако оддалеченоста е на пример 300 километри од местото каде се наоѓате.
Сообраќајот е многу бавен и хаотичен, особено во главниот град Дака.
Природните катастрофи се дел од секојдневниот живот
Бангладеш е една од најнебезбедните држави на светот кога станува збор за природните катастрофи. Постојано има поплави, суши, цунами, торнада итн. Ова влијае лошо на локалната економија и стандардот на живот на луѓето.
Водата од чешма не се пие и е сигурен начин за да се затруете
Задолжително е купување шишиња минерална вода.
Животот во Бангладеш е многу евтин
Цените се навистина ниски и изнајмување на стан со една спална во центар на градот е околу 7.500 денари.
Во локалните продавници има неверојатен број на автентични сувенири, накит и облека
Од килими до изработки од школки и дрвени предмети, таму ќе најдете прекрасни рачни изработки. Бангладеш е познат и по природните бисери, кои се поевтини отколку во другите земји.
С. С. | Црнобело