Природни катастрофи, ужасни патишта: 10 факти за животот во Бангладеш
Бангладеш е една од најнебезбедните држави на светот кога станува збор за природните катастрофи. Постојано има поплави, суши, цунами, торнада итн. Ова влијае лошо на локалната економија и стандардот на живот на луѓето.
Бангладеш е мала азиска земја со многу густа населеност, на секој квадратен километар има по 1.265 луѓе.
Се наоѓа во Јужна Азија и излегува на Бенгалскиот Залив. Го зазема осмото место по населеност во светот. Главен и најголем град е Дака.
Бангладеш не го посетуваат многу туристи, па затоа и не се познати многу детали како се одвива животот таму.
Факти за животот во Бангладеш:
Традиционално, локалните жени не носеле долна облека
Ова била практика пред неколку децении, но сега под влијание од Западот жените почнале да носат долна облека, но поголемиот дел од нив ја соблекуваат штом влезат во својот дом.
Како последица на тоа носеле уникатен тип на хигиенски влошки
Дури и мажите се облекуваат конзервативно и треба комплетно да заборавите на костимите за капење
Ова е конзервативна муслиманска земја и жените на плажа пливаат во облека. Туристите може да носат костими за капење покрај хотелските базени.
Локалците се многу пријателски настроени кон дојденците
Бидејќи туризмот не е развиен, тие ретко гледаат луѓе од Европа или САД, па се навистина љубезни кога ќе видат некој.
Ако сте дојденец веднаш ќе ви пристапат за да направат селфи со вас
Најчесто на фотографиите позираат сериозни, затоа што сметаат дека широката насмевка е знак на недозреаност.