Починал на 69 години, го изневерувала со 17-годишниот Емануел Макрон: Кој е првиот сопруг на Брижит Макрон?
Имале среќен брак и 3 деца сѐ додека на почетокот на 90-тите Брижит не ја започнала аферата со 25-години помладиот ученик Емануел Макрон.
Неодамна беше откриено дека првиот сопруг на Брижит Макрон, Андре Луи Озиер, починал во декември 2019 на 69-годишна возраст. Информацијата ја откри неговата најмлада ќерка во колумна за магазинот „Paris Match“.
Тој е татко на 3-те деца на Брижит, а починал по долга битка со болест во некоја клиника во Париз.
По разводот со Брижит финализиран во 2006 година, Андре сакал неговиот живот да се држи во строга тајност. Веќе во 2007-ма Брижит се омажила за Емануел.
Детали за Андре не успеаја да пронајдат ниту француските новинари во екот на претседателската кампања на Емануел Макрон.
Но, што се знае за него?
Андре бил роден во 1951 година, работел како банкар, а со Брижит стапиле во брак во 1974 година.
Тој бил прекрасен и посветен татко.
Ја ценел анонимноста повеќе од сѐ.
Во 1994 година откако дознал за аферата на Брижит со Макрон го напуштил семејниот дом и покренал бракоразводна посптапка, но разводот бил официјализиран на суд дури во 2006 година.
Имале среќен брак сѐ додека на почетокот на 90-тите Брижит не ја започнала аферата со 25-години помладиот ученик Емануел Макрон.
Андре пријателите го опишуваат како добар човек со силни морални начела, додека Брижит како бунтовна жена која се обидувала да му биде совршена домаќинка на банкарот.
Уште факти на следната страна...
Би можело да ве интересира:





