Ужасни јавни тоалети, договорени бракови: 9 факти за животот во Тунис
Некои мајки бираат невести за своите синови дури и во јавните бањи, а стапувањето во брак со одредена личност подразбира стапување во блиска и нераскинлива врска со целото негово семејство.
Дали некогаш сте се запрашале каков е животот во Тунис? Какви правила и навики на функционирање важат во оваа афричка земја?
Интересни факти за животот во Тунис:
Локалните жени изгледаат помодерно од што мислиме
Иако станува збор за муслиманска држава, тие го сакаат западниот стил. Од традиционална облека до мини здолништа, на улиците може да видите сѐ.
Ако повикате такси, бидете подготвени дека ќе го делите со други патници
Возилото може да изгледа и како мини комбе, а вие да си платите само за своето седиште. Добивка е што ќе платите евтино, а мана е што ќе се возите со низа случајни патници.
Основните продукти се евтини и стандардот на живот не е висок
Јавните тоалети може да ве згрозат
Во лоша состојба се дури и оние кои се наоѓаат во близина на некои попознати туристички атракции.
Како турист лесно може да фатите дијареа
Вашиот стомак може да реагира бурно на тамошната вода од чешма и продукти за исхрана, па затоа пијте секогаш вода од шише и не купувајте храна од сомнителни локали.