Ужасни јавни тоалети, договорени бракови: 9 факти за животот во Тунис
Во традиционалните семејства, мајките сѐ уште избираат невести за своите синови
Некои мајки бираат невести за своите синови дури и во јавните бањи, а стапувањето во брак со одредена личност подразбира стапување во блиска и нераскинлива врска со целото негово семејство, постојани посети и комуникација, а не само на неколку часа еднаш во седмицата.
Изгледот на слабите жени не се смета за идеален
Во Тунис ја нема опседнатоста со слаб изглед, локалните жени сметаат дека здравата тежина е всушност идеална тежина. Но, интересно е што жените од повисоките социјални кругови полека почнуваат да сметаат дека послабата фигура е поатрактивна.
На локалните мажи им се слабост жените од другите земји
Многу мажи сакаат да освојат некоја од туристките која е во посета на нивната земја и со неа да ја напуштат својата земја.
Во многу куќи во Тунис ги нема модерните направи без кои ние денес не можеме да функционираме
Од машини за перење до клима уреди, многу домови во оваа земја функционираат без модерните изуми.
С. С. | Црнобело