Брак без интимност, обиди за самоубиство: Мрачната страна на животот на Елтон Џон
Сега е во среќен брак и со својот сакан сопруг Дејвид Фурниш има два сина, но некогаш бил во брак со жена која не ја ни бакнувал...
Легендарниот британски пејач Елтон Џон објави автобиографска книга, насловена „Me“ (Јас), во која во детали говори за неговиот неверојатен живот, кретивноста и успехот.
Но, тој исто така е отворен и за зависноста од кокаин, секс и шопинг. Борбата со алкохолизмот и булимијата, како и тешкиот пат на себеприфаќањето како хомосексуалец.
Елтон Џон двапати се обидел да се самоубие, во 1968 и 1975 година, но потоа комплетно го променил животот – престанал да пие, основал фондација за борба со сида, се омажил за Дејвид Фурниш и со него добил два сина со помош на сурогат мајка.
Вели дека живее неверојатен живот и не сака да го менува, иако има работи за кои се кае, тој е неверојатно среќен како испаднало сѐ.
Детали од книгата за мрачната страна на животот на Елтон Џон:
Елтон Џон го опишува однесувањето на неговата мајка како непријатно и во книгата ја нарекува социопат.
Вели дека имал тензични односи и со татко му кој никогаш не го прифатил неговиот избор на кариера и иако неговиот татко е починат во 1991 година Елтон открива дека сѐ уште да му докажува што постигнал.
Во 1975 година Елтон испил голема количина на апчиња за смирување и скокнал во базен пред целото семејство, а 7 години претходно исто така имал обид да се самоубие со труење со јаглерод моноксид во неговиот дом, но некој пријател го спасил, а до неодамна никој не знаел за инцидентот.
Открива дека никогаш немал чувства за својата сопруга.
Во 80-тите се спријателил со Рената Блауел и често мислел колку таа ги има сите потребни карактеристики на една привлечна жена, ако тој би бил хетеросексуалец, па една вечер во 1984 година ја запросил иако не постоела романса помеѓу нив, дури ниту бакнување.
На свадбениот ден одлучиле никогаш јавно да не говорат за интимната страна на нивниот брак и мирно се развеле во 1988.