Што е отров? – Нешто повеќе отколку она што ни е потребно… мудроста на Руми низ 5 прашања
Мевлана Џелаледин Руми (1207-1273) – персиски филозоф, поет, правник, учител и суфист. Тој е еден од најголемите поети и мислители на сите времиња.
Во денешниот свет, цели 813 години по неговото раѓање, Руми веројатно е најчитаниот поет на Земјината топка… а еве и зошто:
Што е отров? „Нешто повеќе отколку она што ни е потребно е отров. Може да биде моќ, богатство, глад, его, алчност, мрзеливост, љубов, амбиција, омраза …
Што е страв? „Неприфаќање на неизвесноста. Ако ја прифатиме неизвесноста, таа станува авантура“
Што е завист? „Неприфаќање на доброто кај другите. Ако го прифатиме доброто кај другите, станува инспирација“.
Што е гнев? „Неприфаќање на работите што не се под наша контрола. Ако ги прифатиме, станува толеранција“.
Што е омраза? „Неприфаќање на личноста онаква каква што е. Ако ја прифатиме личноста безусловно, таа станува љубов“.
(О)Милена | Црнобело