„Подлизурковци – тоа се најлошите луѓе на светот“ – вистината на Меша Селимовиќ од пред 50 години која ја живееме секојдневно
Мехмед Меша Селимовиќ е познат писател од поранешните југословенски простори со потекло од Босна и Херцеговина кој творел во втората половина на 20 век. Автор е на ремек-делата „Тврдина“, „Дервишот и смртта“, „Остров“…
Тој е воедно и најцитираниот автор на балканските простори кој ужива култен статус.
Ова е еден од неговите најмоќни цитати кој се однесува на луѓето кои се подлизуваат или народски кажано „упикувачите“, кој и после 50 години звучи неверојатно болно и вистинито:
„Подлизурковци – тоа за мене се најлошите луѓе на светот, најштетни, најрасипани.
Тие ја поддржуваат секоја власт, тие и се власт, тие сејат страв без милост, без никаков обѕир, тие се ладни како мраз, остри како нож, како кучиња се верни на секоја држава, како проститутки се неверни на секој поединец, тие се најмалку луѓе од сите луѓе.
Додека постојат тие, нема да има среќа на овој свет, затоа што тие ќе уништат сè што е вистинска човечка вредност.“
Се чини дека Селимовиќ одлично ги познавал балканските народи, нели?
(О)Милена | Црнобело