Кравите имаат најдобри пријатели и уште 14 факти што веднаш ќе ви го подобрат расположението
9. Постои организација наречена No One Dies Alone (никој не умира сам). Членовите на организацијата им прават друштво на луѓето кои се на смртна постела, но останале сами. Без разлика дали на пациентите им е потребен разговор или само некој да го држат за рака, волонтерите се овде за нив.
10. Кучињата испуштат звук сличен на кивање за да ни кажат дека си играат, а не дека се обидуваат да нè нападнат.
11. Гепардите се многу срамежливи животни, па во некои зоолошки им даваат кучиња кои им помагаат да се справат со толпите народ.
12. Кога ќе се земе предвид дека атомите се „рециклираат“ (и се формирани уште на почетокот на универзумот), станува јасно дека речиси секој атом во нашето тело е стар милијарди години. Ова значи дека атомите во вашето тело можеби биле дел од ѕвездената прашина, и веројатно ќе бидат дел од некоја друга личност во иднина.
13. Гравитацијата на Јупитер е толку силна, што научниците веруваат дека понекогаш нè штити од метеори.
14. Златните рипки можат да ги препознаат нивните сопственици.
15. Кога се изморени од работа, некои видови пчели си дремнуваат во цветови.
Спирова С. | Црнобело