Ежот не се раѓа со боцки - Забавни факти што докажуваат колку е неверојатен светот околу нас
6. Постои вид глувци каде што мажјаците умираат после сезоната на парење. За време на сезоната, мажјаците се обидуваат да се спарат со што повеќе женки, и ова може да трае и до 14 часа. Тие толку се заморуваат во процесот, што на крај умираат.
7. Кога се во хибернација, еден вид водни желки можат да дишат преку нивниот анален отвор. Кога ќе дојде зима, овие желки го забавуваат нивниот метаболизам за 95% и потребниот кислород го добиваат преку анусот.
8. Рибите од видот Echeneidae имаат орган што им помага да се „залепат“ за други поголеми животни и да ги користат како превоз. Неретко, овие риби се закачуваат и за чамци и бродови, а понекогаш и за нуркачи.
9. Медузите немаат мозок, срце или очи, но тие сепак успеале да преживеат 650 милиони години.
10. Некои видови пајаци можат да нуркаат и да ловат риби.