Дел од секта, син со аутизам: 9 факти за тешките мигови од животот на Тони Брекстон
Нејзините родители биле дел од секта, па станала и таа, но подоцна тие се повлекле, а пејачката, која се бори со автоимуната болест лупус, останала член.
Американската пејачка Тони Брекстон која стана позната во 1997 година со хитот „Un-break My Heart“ денес има 52 години.
Нејзината биографија крие многу мрачни детали од животот:
Родена е во религиозно семејство, мајка ѝ била поранешна оперска пејачка, а татко ѝ пастор во локалната Методистичка црква.
По Тони, тие добиле уште 5 деца и сите пееле во црковниот хор. Но, во 1973 година семејството станало дел од секта (Apostolic Pentecostals) каде децата не смееле да прават врева и сите девојчиња и жени требало да го кријат телото од „љубопитните“ очи.
Оваа секта не го обележи само детството на Тони, туку и понатамошниот нејзин живот. Нејзините родители се повлекоа од оваа секта, но не и таа.
Кариерата на Тони Брекстон одлично се развивала и Тони се подготвувала да го сними третиот албум, кога во јавноста излезе информацијата дека таа банкротирала.
Поради договор пејачката заврши на суд, плаќаше казни и тоа комплетно ѝ ја уништи репутацијата. Лукаво направениот договор ја доведе дури до тоа да враќа некои награди.
Таа го ставила целиот свој имот на продажба, но конфликтот наскоро бил решен.
Во 1988 година таа имаше романса со музичарот Кери Луис, од кој забремени и абортираше, за што се каеше подоцна.
Во 2001 тие стапија во брак и Тони го роди синот Деним Каи. Вториот син го роди во 2003 година.