Некои лилјаци практикуваат дистанцирање кога се болни – забавни факти за светот околу нас
И покрај тоа што денес целото знаење ни е буквално на дланка, сè уште постојат безброј недоразбирања и митови за многу нешта.
Некои од работите што се изучувале на училиште пред половина век се побиени од модерната наука, па дури и да сте биле најдобриот ученик, мора да го надградувате вашето знаење.
Ако училишните и студентските денови се зад вас, тешко дека ќе фатите учебник да научите нешто ново, но затоа, пак, читањето факти може да се покаже како доста ефикасно.
Во продолжение можете да прочитате неколку забавни факти за светот околу нас:
1. За време на Втората светска војна, во Велика Британија ги менувале патните знаци за во случај на напад, непријателите да се изгубат.
2. Еден мачор од Шкотска, во рок од 24 години успеал да фати речиси 30.000 глувци. Засега овој рекорд не е срушен, а дестилеријата каде што живеел мачорот подигнала и споменик во негова чест.
3. Мирисот што го чувствувате покрај базен, не е поради хлорот, туку поради неговата реакција со урина, пот и масти од луѓето.
4. Некои луѓе не сакаат да се релаксираат, туку настојуваат да се грижат за малите проблеми. Наводно, на овој начин се подготвуваат да се справат со можни поголеми проблеми.
5. Според едно истражување, ако училишната настава почнува од 10 часот наутро, учениците поретко ќе се разболуваат и ќе постигнуваат подобри академски резултати.
6. Таканаречените лилјаци-вампири практикуваат социјално дистанцирање кога се чувствуваат болно.
7. Во Индија постои село каде што децата немаат традиционални имиња, туку мелодии.
8. Модерните елеци кои штитат од куршуми се изум на разнесувач на пица, кој бил застрелан на работа.
9. Во 1859-та, еден маж по име Томас Остин донел 24 диви зајци од Англија во Австралија за лов. За само неколку години, 24-те зајци се размножиле во милиони.
10. Рекордот за најдолго стоење во планк положба го држи Џорџ Худ. 62-годишниот поранешен маринец од САД ја држел положбата дури 8 часа и 15 минути.
Спирова С. | Црнобело