Ослепел на 12 години, сопругата ја запознал кога имала 18, а тој 43: Факти за Андреа Бочели
„Кога првпат ја запознав Вероника бев воодушевен од нејзиниот глас и од кожата. Веднаш се вселивме заедно, истата ноќ. Практично бракот ни почна ноќта кога се сретнавме“, изјави во една пригода Андреа за својата 25 години помлада сопруга.
Андреа Бочели е најпопуларниот тенор на светот и еден од најдобрите музичари на неговата генерација.
Факти за неговиот живот:
Роден е 1958 година во малото селце Ла Стера во италијанскиот регион Тоскана.
На рани години имал проблеми со видот, му бил дијагностициран глауком, а на 12 години при фудбалска незгода сосема го изгубил видот.
Првпат Бочели стапил во брак во 1992 година со Енрика Цензати со која добил два сина, но се разделиле во 2002 година. Истата година ја запознал Вероника.
Во 2014 година Андреа се ожени со неговата сегашна сопруга и менаџер Вероника Берти, со која во 2012 доби ќерка, која му е трето дете на Бочели. Има и два сина од претходниот брак.
Бочели во една пригода за својата 25 години помлада сопруга Вероника изјави:
„Секогаш имав среќа во животот и секогаш пронаоѓав љубов во него. Кога првпат ја запознав Вероника бев воодушевен од нејзиниот глас и од кожата. Таа вечер ја отпеав првата арија за неа. Тоа беше прекрасен миг и најбрзиот почеток на врска. Веднаш се вселивме заедно, истата ноќ. Практично бракот ни почна ноќта кога се сретнавме“.