Го зајакнува имунитетот, нè прави посреќни - Интересни факти за сексот
Сексот го намалува стресот
Ендорфините што се ослободуваат за време на секс не само што ја намалуваат болката, туку го подобруваат и нашиот одговор на стресот.
Со сексот се ослободува и окситоцин, неретко нарекуван и хормон на љубовта. Овој хормон го предизвикува чувството на поврзаност после секс и се покажало дека ја зголемува сочувствителноста кај луѓето.
Сексот го подобрува спиењето
Секоја жена знае дека мажите имаат навика да заспиваат после секс, а изгледа има причина за тоа.
Бидејќи сексот ги намалува стресот и анксиозноста и го релаксира телото, помага и полесно да заспиете.
Истражувањата покажале дека сексот пред спиење е одличен начин да се правите со несоницата.
Мастурбацијата ја подобрува концентрацијата
Додека менталните вежби и техниките за концентрација се одлични, можеби понекогаш сè што ви е потребно е малку самозадоволување.
Мозочните скенирања покажале зголемена активност на невроните после оргазам. Па, ако работите дома и не можете воопшто да се концентрирате, одвојте неколку минути за себе.
Сексот ја подобрува врската
Бројни истражувања покажале дека партнерите кои почесто имаат секс, поверојатно е дека ќе останат заедно. Сепак, сексот е еден од најважните делови од врската и е неопходен за и двајцата да бидат среќни.
Сексот не само што го подобрува расположението и го намалува стресот, туку ја продлабочува и емотивната поврзаност на партнерите.
Сексот нè прaви среќни
Има многу физички придобивки од сексот, но можеби најважно е неговото позитивно влијание врз менталната состојба.
Научниците направиле споредба помеѓу луѓе кои имале секс барем еднаш неделно, и луѓе кои имале секс помалку од еднаш месечно. Разликата во нивото на среќа била повеќе од очигледна.
Всушност, се покажало дека сексот нè прави посреќни и од повисоката плата.
Па, ако карантинот ве прави депресивни, знаете што треба да направите.
Спирова С. | Црнобело