„Барот не носи спомени, спомените те носат во барот“ - 10 италијански поговорки за најважните работи во животот
La Dolce Vita, или слаткиот живот на Италијанците, е посебна култура и уметност на живеењето која многумина пробале да ја копираат, но малкумина успеале.
Италијанците навистина знаат што е важно во животот. Добрата храна, вкусното, квалитетно кафе кое се пие „од нога“, домот, семејството, пријателствата и секако – љубовта.
Се чини дека Италијанците го имаат вистинскиот рецепт за славењето на убавината на животот. Иако во моментов ги поминуваат најтешките мигови во модерната историја, цврсто сме уверени дека по нивното надминување повторно ќе се вратат на старите, добри навики.
А, што всушност рекле Италијанците за:
Животот
Meglio aver poco che niente - Подобро е да се има малку, отколку ништо.
Храната
Chi mangia sulo s’affoga - Тој што јаде сам ќе се задуши.
Пиењето
Bevici su – Il bar non porta i ricordi. Sono i ricordi che portano al bar - Пиј! Барот не носи спомени. Спомените те носат во барот.
Пријателите
Un nemico e troppo e cento amici non bastano - Еден непријател е премногу, стотина пријатели се премалку.
Семејството
Una buona mamma vale cento maestre - Добрата мајка вреди сто учители.
Домот
Chi si volta, e chi si gira, sempre a casa va finire - Без разлика каде и да одиш, каде и да се свртиш, секогаш се враќаш дома.
Љубовта
L’amore e una bellissima rosa rossa donata senza una ragione apparente - Љубовта е прекрасна, црвена роза подарена без причина.
Судбината
Chi nasce asino non puo morire cavallo - Оној што е роден како магаре, не може да умре како коњ.
Бог
Aiutati che Dio t’aiuta - Помогни си себеси, за да ти помогне Бог.
Времето
Quando finisce la partita il re ed il pedone finiscono nella stessa scatola - Кога играта завршува, кралот и пионот се враќаат во истата кутија.
(О)Милена | Црнобело