Колку чини скафандер на НАСА - Факти за вселената кои звучат како фикција
Во вселената владее „мртва“ тишина
Вселената е најтивкото место што ќе го сретнете, и тоа само поради вакуумот. Ова значи дека вселенските битки кои ги гледаме на филмовите, во реалноста ќе се одвиваат нечујно.
Интересно е што луѓето не се подготвени за ваква тишина, па ако се најдат на такво место можат да искусат не само паничен напад, туку и халуцинации.
Токму поради тоа, астронаутите се подготвуваат во посебни „тивки соби“.
Некогаш деновите траеле по 18 часа
Должината на деновите на Земјата, која се зголемувала со текот на историјата, е подложна на промени.
Земајќи го ова предвид, научниците од универзитетите Висконсин и Колумбија пресметале дека пред околу 1,5 милијарди години, деновите на Земјата траеле само 18 часа.
Според нивните пресметки и симулации, во наредните 3 милијарди години, должината на денот ќе се зголемува и тој ќе трае и до 36 часа.
Најголемиот вулкан во сончевиот систем се наоѓа на Марс
Вулканот Олимпус Монс, лоциран на Марс, има дијаметар од 600 километри, а е висок 27 километри. За споредба, Монт Еверест е висока 8 километри.
Се верува дека големината на вулканот е поради недостатокот од тектонски движења на планетата. Односно, кората на Марс останува во едно место, па со текот на времето се трупа повеќе магма.
Некои неутронски ѕвезди ротираат и по 700 пати во секунда
Неутронските ѕвезди настануваат кога некоја масивна ѕвезда останува без гориво и се руши. Ова рушење резултира со можеби најгустиот објект за којшто знаеме – ѕвезда со маса колку сонцето, а со големина на еден град.
Пулсарите, пак, се неутронски ѕвезди кои ротираат со огромна брзина, а еден пулсар кој се наоѓа во соѕвездието Стрелец правел дури 716 ротации во секунда.
Спирова С. | Црнобело