Сака да живее со татко ѝ, си го бара идентитетот - Факти за Шајло, ќерката на Џоли и Пит
Дали е трансродова личност?
Шајло сака да се облекува како момче, но дали ова ја прави трансродова личност?
Трансродовите личности сметаат дека нивниот пол не се совпаѓа со нивниот личен идентитет и најчесто сакаат да го променат.
Шајло можеби припаѓа овде, но веројатно сè уште е премногу млада за да се одлучи.
Сака да живее со татко ѝ
Постојат безброј гласини за мислењето на Шајло за врската на нејзините родители.
Некои тврдат дека не ѝ се допаѓа начинот на кој Анџелина се однесувала со Бред, особено кога станува збор за децата. Постојат и гласини дека Шајло повеќе би сакала да живее со татко ѝ.
Учеше кмерски јазик
Анџелина смета дека одењето во музеи и читањето се многу подобар начин на едуцирање. Па, нејзините деца имаат поголема слобода кога одбираат што ќе учат.
Шајло е заинтересирана за културата на Камбоџа, па посакала да го научи кмерскиот јазик.
Има двојно државјанство
Бидејќи Шајло е родена во Намибија, таа има двојно државјанство.
Ги мрази критичарите
Луѓето навистина сакаат да зборуваат за одлуките на другите, особено за познатите.
Шајло се соочувала со секакви критики и коментари уште од најрана возраст за начинот на кој се искажува. Но, таа добро објасни зошто го прави она што го прави.
Шајло смета дека штом не повредува никој со нејзиното однесување, нема што другите да бидат загрижени.
Спирова С. | Црнобело