Алкохолизмот на Бред им оставил трауми - Факти за децата на Пит и Џоли
Можеби слушаме многу малку за децата на Бред и Анџелина, но јасно е дека се навистина блиски со нивната мајка.
После разделбата на познатиот пар, Анџелина го доби старателството над децата, а се појавија и гласини дека го влошиле односот со Бред Пит.
Веројатно децата тешко ја поднеле разделбата на нивните родители, но изгледа дека сега не само што го надминале разводот, туку и ја поправиле врската со татко им Бред.
Во продолжение погледнете неколку факти за овие деца, што ретко кој ги знае:
Расправијата во авионот
На 14-ти септември 2016 година, семејството Џоли-Пит леташе од Франција кон Лос Анџелес.
Според изворите, Бред пиел пред летот и само неколку моменти пред да слетаат, помеѓу него и Анџелина избувнала расправија.
Тогаш Медокс, најстариот син, се обидел да ја смири ситуацијата и веројатно сето кулминирало со физичка пресметка помеѓу таткото и синот.
Анџелина има целосно старателство
По разделбата, сите шест деца останаа со Анџелина, а наводно, Бред имал право да ги посетува.
Со текот на времето, актерите направиле компромис, па сега Бред може почесто да ги гледа децата.
Алкохолизмот на Бред влијаел врз нив
Актерот отворено призна дека неговото семејство страдало од неговиот алкохолизам. Наводно, успеал да се откаже од сите пороци кога го основал семејството, но му било тешко да го остави алкохолот.
Работата имала влијание врз врската на Бред и децата
Бред има изјавено дека натрупаниот распоред го спречувал да минува време со неговите деца.
Но, актерот сега се обидува да дополни за изгубеното време.
Немаа стабилен дом
Пред разделбата на Бред и Анџелина, семејството патуваше толку многу, што децата немаат почувствувано стабилност.
Едноставно, тие немале место што можат да го наречат дом.
Се соочиле со траума после авионскиот лет
Нормално, како што би било секое дете, и децата на Бред и Анџелина биле трауматизирани од сцената во авионот.
Џоли откри дека децата страдале после сведочењето на настаните во авионот, но сега се обидувале да го заборават тоа.