10 мудри изреки на мајмунот Рафики од легендарниот „Lion King“ кои продираат во смислата на животот
Речиси и да не постои некој кој барем еднаш не го изгледал спектакуларниот анимиран филм од 1994 година - eдинствениот „Lion King“.
Еден од најнезаборавните ликови е мудриот бабун (врста на мајмун) Рафики, кој со своето искуство, мудрост и вештина го поттикнуваше Симба и на некој начин секогаш „му го чуваше грбот“.
Секој би посакал еден Рафики во својот живот, зарем не?!
Неговиот лик е всушност олицетворение на заштитник, кој со своите генијални „досетки“ е вечна поддршка на своите најблиски.
Во продолжение ви претставуваме 10 животни мудрости на Рафики, навистина вредни за помнење:
„Asante sana squash banana!”
Иако, првично ни звучи глупаво, овој стих на Рафики е важен од три причини.
Прво, затоа што поседува рима, што допринесува кон нешто весело, позитивно и лесно за помнење.
Второ, „asante sana“ значи „благодарам“ на свахилски јазик, со што Рафики нè потсетува да бидеме пољубезни.
И трето, нѐ потсетува на тоа колку секојдневното консумирање на овошје е важно за вашата благосостојба.
„Залудно е да го исечеш, бидејќи повторно ќе порасне на истото место“
Она што Рафики се обидува да го каже е дека залудно го одбираме полесниот начин за излез од нештата.
Ако бегате, односно го игнорирате проблемот што го имате, тој проблем никогаш нема да се реши.
„Прашањето е: кој си ти?“
Навидум просто, а во суштина толку длабоко прашање.
Колку сте задоволни од тоа што го „гледате“?
Запознавањето себеси е патување кое трае целиот наш живот.
Не заборавајте да поминувате време сами со себе и да работите на вашите идеали.
„Не успорувај. Побрзај!“
Рафики ни кажува да не губиме време.
Животот е краток!
Престанете да ги стискате палците и да чекате работите сами да се случат, туку преземете иницијатива и направете чудо!
„Погледни подлабоко“
Се чувствувате како да се откажувате?
Работите не се лесни како што очекувате?
Откажувањето не е избор, обидете се повторно, продолжете да се борите.
Исто така, ова е цитат кој во суштина ни вели дека нашите расудувања не секогаш се онакви какви што сметаме дека се.
Не донесувајте прерани заклучоци, погледнете подлабоко!
„Тој живее во вас“
Оние кои изгубиле драга личност, запомнете: Никогаш не сте сами.
Тој/таа секогаш ќе живее во вас. Никогаш не заборавајте го тоа.
„Промената е добра“
Излезете од вашата комфорна зона.
Промената е за секого добредојдена.
Во животот постојат толку работи кои чекаат на вас. Зграпчете ги предизвиците кои ви претстојат!
„Минатото може да боли. Но, според начинот на кој јас гледам, можеш да бегаш од него или пак да научиш од него“
Дефинитивно, станува збор за најпознатата изрека на Рафики.
Цитат кој ја сумира целата негова мудрост.
Лошите работи се случуваат, ваше е од нив да научите онолку колку што можете и да продолжите да напредувате.
„Секоја приказна вредна за кажување е вредна да се раскаже двапати“
Во животот постојат луѓе, полни со искуства преточени во приказни кои навистина допираат во сржта на нашето постоење.
Внимателно слушајте ги и помнете ги нивните зборови.
Секоја мудра мисла вреди да биде прераскажана.
„Не е важно, тоа е во минатото“
Ние луѓето, имаме тенденција да се навраќаме кон минатото.
Кон нештата кои нè правеле среќни, работите кои сме ги испуштиле од раце, постапките во кои посакуваме да сме одиграле поинаку, сеќавањата со личноста која повеќе ја нема...
Не чепкајте го минатото, сѐ е онака како што требало да биде, без разлика на тоа колку самите себе се обвинувате.
Наместо тоа, послушајте го стариот и мудар Рафики и со цврсти чекори газете кон својата иднина, вредна за живеење.
Мила М. | Црнобело