Кога мувите ќе застанат на храна повраќаат плунка за да ја разградат - 12 бизарни факти кои (непријатно) ќе ве изненадат

Во светот постојат огромен број на факти кои навистина умеат да ни го „поматат“ умот и да нѐ натераат да размислуваме.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 01 630x340.jpg

На пример, фактот дека пијавицата има 32 мозоци е повеќе од извонреден или пак оној кој вели дека темните кругови околу очите на пандите исчезнуваат доколку тие спијат подобро.

Од многубројните зачудувачки факти, постојат и оние не толку пријатни за човечкото уво, а сепак поседуваат моќ сосема да нè изненадат.

Во продолжение ви издвојуваме 12 од нив:

1. Надворешноста на шарените чоколадни бонбончиња е обложена со материја направена од измет од инсекти

Шокирачки факт за љубителите на овие слатки.

Обложената „школка“ е направена од секрет на женската Kerria lacca, инсект кој потекнува од Тајланд.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 02 630x400.jpg

2. 40% од канцелариските шолји поседуваат фекални бактерии

Според студија по микробиологија спроведена на Универзитетот во Аризона, откриено е дека 40% од канцелариските шолји за кафе биле заразени со фекална материја и околу 80% биле заразени со други бактерии.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 03 630x400.jpg

3. Во просек, човекот произведува 1,5 литри слуз секој ден, а голта и повеќе од тоа

Колку и да звучи одвратно, овој факт е 100% вистинит.

Сепак, не смееме да заборавиме дека оваа леплива супстанција е повеќе од важна бидејќи  ја прекрива внатрешноста на носот.

Таа спречува продирање на бактериите и вирусите со кои би можеле да се инфицираме доколку допрат до чувествителните ткива во телото.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 04 630x400.jpg

4. Вашите нозе имаат 250 000 потни жлезди и тие лачат половина чаша пот секој ден

Друг интересен факт е дека човекот испушта околу 278 литри пот во текот на целата година и ова количество е  доволно за да наполни резервоари за гас од три теренски џип-автомобили со средна големина.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 05 630x400.jpg

5. Античкиот римски народ во минатото користел паста за заби направена од мозок на глувци

Античките римски луѓе го пронашле овој единствен начин, такашто тие го мешале „смачканиот“ мозок на глушецот, со малку натриум бикарбонат и на тој начин тие секојдневно ги четкале забите.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 06 630x400.jpg

6. Љубителите-консумирачи на брза храна јадат просечно 12  влакна годишно

Навистина неверојатен и непријатен факт е она што дури 3 од нив најверојатно се срамни.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 07 630x400.jpg

7. Ако нашиот имунолошки систем исчезне, бактериите во цревата ќе нè изедат за 48 часа

Дури пострашен е фактот дека тие го јадат човечкото тело одвнатре-нанадвор.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 08 630x400.jpg

8. Душекот станува потежок после 10 години поради акумулацијата на прашински грини и прашина

Душекот може да има околу 10 000 до 10 милиони грини во неа, а 10% од тежината на перница стара две години е составена од мртви грини и нивниот измет.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 09 630x400.jpg

9. Постојат жаби кои своите домови ги прават од измет на слонови

Да напоменеме: Не сите жаби го усвојуваат овој метод на градење на домови, станува збор за одредени видови на жаби кои се познати по тоа што го градат својот мал „рај“ од слонов измет.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 10 630x400.jpg

10. Еден од шест мобилни телефони поседуваат фекални материи

Студија од Лондон открила дека еден од секои шест мобилни телефони има фекална материја на него.

И, како ова да не е доволно, микробиолог од Аризона откри дека мобилните телефони поседуваат 10 пати повеќе бактерии од тоалетите!

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 11 630x400.jpg

11. Што ѝ прават мувите на вашата храна?

Добро знаеме дека мувите јадат измет и транспортираат многу бактериим, но верувајте, тоа не е најлошото што го умеат.

Кога ќе застанат на вашата храна, тие повраќаат мешавина од плунка за да ја разградат, па ја цицаат користејќи ги своите јазици.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 12 630x400.jpg

12. Работниците во ресторан мијат раце кога сакаат

Уште посериозен факт е дека само 5% од луѓето правилно ги мијат рацете, а дури 95% од луѓето не ги мијат рацете доволно долго за да се ослободат од сите бактерии.

И за крај: 2/3 луѓе користат сапун при своето миење.

12 neochekuvani, pomalku prijatni fakti koi sosema kje ve iznenad 13 630x400.jpg

Мила М. | Црнобело 

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
На 14 години користел дрога, бил во затвор со Чарлс Менсон, а денес им помага на зависници – Факти з... Актерот Дени Трехо неколкупати бил во затвор, но откако избегнал смртна казна, р...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg