Му праќал писма на Тупак во затвор, страда од депресија – факти за Џим Кери
Тој е eден од најзабавните актери во Холивуд. Џим Кери имал тешко детство, но тоа не го сопрело да работи напорно и да се труди да го постигне она што го сакал. Тој е успешен комичар со интересна животна приказна.
Ова се неколку факти за Џим Кери кои можеби не сте ги знаеле:
1. Роден е во Канада
Во Newmarket, Онтарио во 1962 година. Станал државјанин на САД дури во 2004-та година.
2. Пред да стане славен, си напишал чек на $10 милиони долари
Си поставил цел дека треба да ги заработи парите во рок од три години. Истата сума ја постигнал со улогата во „Глупав и поглупав“. Само од овој филм има заработено 10 милиони долари.
3. Се отпишал од училиште на 15 години
Во овој период неговиот татко ја изгубил работата како сметководител и семејството страдало од финансиски аспект. Џим е најмалиот од четирите деца и решил дека треба да помогне и да се фати за работа.
4. Има напишано книга за деца
Книгата се вика „How Roland Rolls“ и се раскажува за исплашен мал бран.
5. Беше женет двапати
Првиот брак му е со поранешната актерка Мелиса Вомер во 1987 година. Вториот брак му е со Лорен Холи. Веројатно најпопуларна врска му беше со Џени МекКарти. Последно, девојка во моментов му е Џинџер Гонзага.
6. Има еднa ќерка и внук.
Џејн е родена во 1987 година од бракот со Мелиса Вомер. Џејн го роди синот Џексон во 2010 година.
7. Има ѕвезда на „Патот на славата“ во Канада
Канада се гордее со успесите на Кери и во 2004-та година тој си доби своја ѕвезда на Канадскиот „Walk of Fame“.
8. Морал да ја одбие улогата на Џек Спароу
Бидејќи веќе бил обврзан во тој период да го снима „Семоќниот Брус“ тој ја одбил улогата во „Пиратите од Карибите“.
9. Тој е прв актер кој бил платен $20 милиони долари за улога
И тоа за филмот „The Cable Guy“. Денес актерите добиваат милиони долари за филмови и оваа сума не звучи фантастично, но во тој период и тоа како било огромна исплата.
10. Му праќал писма на Тупак во затвор
Биле пријатели и кога Тупак Шакур бил во затвор, Џим сакал да го забавува и да го насмее со писмата кои редовно му ги испраќал.