Факти за животот на Тата - жената на најголемиот наркобос Пабло Ескобар
Пабло Ескобар, таканаречен „крал на кокаинот“, потекнува од сиромашно, земјоделско, колумбиско семејство, а на 35-годишна возраст станал еден од најбогатите мажи во светот.
И покрај неговото потекло, Ескобар бил водач на картелот и одговорен за околу 80 проценти од глобалниот пазар на кокаин.
Поради потеклото на парите што ги поседувал, тешко е да се процени нивната точна вредност, но се верува дека таа достигнала дури 30 милијарди долари.
Едно е сигурно - за него знае целиот свет.
Неговиот живот е преточен во добропознатата „Narcos“, серија која за навистина кратко време стана апсолутен хит и ги сруши сите рекорди на гледаност.
Една од неговите блиски личности за кои најмногу „се крена прашина“ е Тата, долгогодишната сопруга на Пабло Ескобар.
Повеќето од нас за неа знаеме од горенаведената серија или, пак, од повеќето филмови и документарци снимени во чест на Ескобар. Но колку е всушност сличен ликот со нејзиниот реален живот?
Во продолжение ви издвојуваме 10 факти за животот на Тата кои веројатно не сте ги знаеле:
1. Нејзиното вистинско име е Марија Викторија Хенао.
2. За разлика од Пабло, кој бил син на скромен земјоделец и учител, Марија Викторија Хенао потекнувала од многу попрестижно семејство.
3. Кога се запознале, таа имала само 13 години, а тој 24. На нејзини 15 години, тие стапиле во брак.
4. Семејството на Тата не било воопшто воодушевено од фактот дека Пабло е постар од неа цели 11 години.
Тие се обидувале да ги спречат нивните средби, сметајќи го Пабло недостоен за нивната ќерка Марија, но таа била навистина бунтовна.
Зборовите на Марија подоцна ги пренел нејзиниот син:
„Тој беше навистина приврзан за мене, беше толку сладок. Одличен љубовник. Се заљубив во неговата желба да им помага на другите луѓе и на неговата емпатија кон оние кои имаат потреба од тоа.
Заедно се возевме низ сиромашните места и сонувавме да градиме училишта за сиромашни. Од самиот почеток, тој секогаш беше господин.“
5. Се смета дека Марија не била свесна за плановите околу криминалните освојувања на нејзиниот сопруг.
6. И покрај тоа што помеѓу нив постоела голема љубов, Пабло бил љубител на жените и задоволствата и имал неизбројани љубовни афери за кои Марија знаела.
7. Во реалниот живот, Марија и децата стравувале од постојаните напади од страна на непријателите на Пабло.
8. По смртта на Пабло, Марија и нејзините две деца, Мануела и Хуан Пабло, побарале засолниште во Аргентина, поради стравувањето за одмазда од страна на ривалските нарко-картели.
Нивниот азил бил одобрен, но претходно тие морале да го променат својот идентитет.
Така, Марија била преименувана во Марија Изабел Сантос Кабајеро, синот Хуан Пабло во Себастијан Марокин, додека пак ќерката Мануела во Хуана Мануела Марокин Сантос.
Интересен факт во врска со Мануела е дека нејзиниот татко, Пабло Ескобар, еднаш запалил оган со бакноти во вредност од два милиони долари, само затоа што на неговата ќерка ѝ било студено.
Овој настан е опишан во едно интервју од 2009 година, во магазинот „Donjuan“, од страна на синот на Ескобар - Хуан Пабло.
9. Дури и со нов идентитет, живoтот во Аргентина не бил лесен.
Неколку часа откако нивното присуство било разоткриено, во 1999 година Марија и Хуан Пабло биле уапсени под обвинение за „перење пари“.
Не сакајќи да се откажат од нивниот луксузен живот и наводно милијардите долари кои ги поседувале од нарко-бизнисот, тие се повлекле без никакви последици.
10. По сите случувања во Аргентина, Марија остана еден вид на мистерија.
Никој навистина не знае каде е денес.
Бидејќи и двете нејзини деца сè уште живеат во Аргентина, постои шанса дека таа е таму сокриена и најверојатно оперирана.
Но, исто така постојат тврдења дека таа се преселила во Северна Каролина, САД, под различен идентитет.
Нејзиното последно појавување во јавноста беше во документарниот филм „Гревовите на татко ми“ во 2009 година, со кој Хуан Пабло бараше откуп за однесувањето на неговиот татко.
Мила М. | Црнобело