Богатите постојано учат - сиромашните се убедени дека веќе знаат сè
Која е разликата помеѓу сиромашните и богатите луѓе?
Прочитајте неколку мудри мисли и споредби, па врз база на нив размислете во која група спаѓате, а кон која група тежнеете.
Богатите луѓе веруваат дека сами за себе креираат животни прилики, додека сиромашните се цврсто убедени дека не може да влијаат на она што им се случува.
Богатите луѓе мислат на богатство, сиромашните негуваат мисли за сиромаштво, страв и немаштија.
Богатите луѓе се фокусирани на новите можности и предизвици, сиромашните се фокусирани на пречките.
Богатите луѓе сакаат побогати луѓе од нив, сиромашните луѓе ги мразат богатите.
Богатите луѓе сакаат да бидат платени на основа на резултатот, сиромашните луѓе сакаат да бидат платени по одработен час.
Богатите луѓе имаат идеи и желби. Сиромашните луѓе немаат идеи и чекаат плата на крајот од месецот.
Парите работат за богатите луѓе, сиромашните луѓе работат за пари.
Богатите луѓе постојано учат и се развиваат, додека сиромашните се убедени дека веќе знаат сè.
М. Д. | Црнобело