Факти што сигурно не сте ги знаеле за Marshmello и неговиот вистински идентитет
Се прослави со ремикси од популарни песни
Кристофер се прослави правејќи ремикси на најпопуларните песни.
Некои од неговите најслушани ремикси се „Hello“ од Адел и „Where R U Now“ од Џастин Бибер и Скрилекс.
Роден е во Филаделфија
Доколку Кристофер навистина е Marshmello, тогаш тој потекнува од Филаделфија, САД.
Се преселил во Лос Анџелес за да изгради музичка кариера
Кристофер се преселил од Филаделфија во Лос Анџелес за да ја изгради својата музичка кариера.
Очигледно, ја донел вистинската одлука.
Беше еден од најплатените диџеи во 2017-та
Во 2017-та Marshmello беше еден од најплатените диџеи во светот. Кога ќе земете предвид дека светот дозна за него во 2015-та, ова е навистина импресивно.
Се претпоставува дека неговото богатство изнесува околу 21 милион долари.
Тој е скромна личност
И покрај огромната популарност, Кристофер останал скромен.
Очигледно не му е грижа за славата и гламурот, туку само сака да прави добра музика и да шири позитивна енергија.
Има YouTube канал за гејминг и готвење
На овој канал можете да го видите Marshmello, но не и Кристофер.
На каналот најмногу ќе најдете видеа за гејминг и готвење.
Донира половина милион долари за фондацијата KIND
Артистот донирал половина милион долари за фондацијата за деца KIND.
Значи, под маската на Marshmello се крие личност која навистина сака да му помогне на светот.
Deadmau5 му е инспирација за криењето на идентитетот
Можеби фановите на Marshmello и Deadmou5 жестоко се расправаат на Twitter, но Кристофер ја добил инспирацијата од Deadmau5.
Deadmau5 го вади својот шлем за време на настапи, а идејата му била шлемот да симболизира бренд.
На Кристофер му се допаднала идејата, но одлучил никогаш да не го отстранува шлемот.
Спирова С. | Црнобело