„Мистериозноста е најубавото искуство“ - Мисли од Алберт Ајнштајн за животот
Ајнштајн се смета за најпознатиот научник што некогаш живеел.
Ајнштајн, со само 26 години, стекнал светска слава за објавувањето на неговата теорија на релативноста.
Но, освен што се занимавал со математиката и физиката, во неговиот живот тој се борел против расизмот и национализмот и често отворено говорел за тоа.
Во текот на својот живот, тој кажал многу мудри работи кои засекогаш ќе бидат запаметени и вреднувани, а во продолжение погледнете 11 мисли со кои го опишува неговиот став кон животот.
Прочитајте што имал да каже за животот големиот Ајнштајн:
„Малку се оние кои гледаат со нивните сопствени очи и чувствуваат со нивните срца.“
„Јас верувам во интуиција и инспирација. Понекогаш чувствувам дека сум во право. Иако не знам дали сум.“
„Имагинацијата е многу поважна од знаењето. Знаењето е ограничено. Имагинацијата го обиколува светот.“
„Најубавото искуство кое можеме да го имаме е мистериозноста.“
„Јас на сите им зборувам на ист начин, без разлика дали тоа е ѓубре или, пак, претседател на универзитетот.“
„Јас немам некој посебен талент. Јас сум само страсно љубопитен.“
„Важно е никогаш да не престанете да прашувате. Љубопитноста има своја причина што постои.“
„Јас сакам да патувам, но мразам да пристигнувам.“
„Животот е како возење велосипед. За да одржите рамнотежа, мора да се движите.“
„Прашањето кое не ми дава мир – дали јас или, пак, другите се луди?“
„Маса, столче, чинија со овошје и виолина; што друго му треба да човекот за да биде среќен?“
Т. Ѓ. | Црнобело