„Пијте го секој момент од животот, непроживеаниот живот создава тага“ - Соломоновите бисери на мудроста

Ова е можеби една од најдобрите приказни за кралот Соломон во која се собрани сите мудрости на светот. 

Solomonovite-biseri-na-mudrosta-01.jpg

Кога Соломон се симнал од планината по изгревањето на сонцето, луѓето се собрале во подножјето:

Вие сте инспирација за сите нас. Вашите зборови ги преобразуваат срцата. Вашата мудрост го просветлува умот. Ние копнееме да ве чуеме. Кажете ни: Кои сме ние?

Тој се насмеал и им рекол:

Вие сте светлината на светот. Вие сте ѕвездите. Вие сте храмот на вистината. Секој од вас е универзум. Предадете му го умот на срцето, прашувајте го срцето, слушајте низ вашата љубов. Блажени се оние што го познаваат божјиот јазик.

- Во што се состои смислата на животот?

Животот е пат, цел и награда. Животот е танц на љубовта. Вашата мисија е да процветате. Да се постои е голем дар на овој свет. Вашиот живот е историја на универзумот. Со самото тоа животот е поубав од сите теории.

Однесувајте се кон вашиот живот како кон празник, затоа што животот е вреден сам по себе. Животот се состои од сегашноста. Поентата на сегашноста е да се живее во неа.

- Зошто бедата нè прогонува?

Она што ќе го посеете, тоа ќе го ожнеете. Несреќата е ваш избор. Сиромаштијата е создадена од човекот. Горчината е плод на незнаењето. Со обвинувања ја губите моќта, а со копнежот ја губите среќата. Разбудете се, сиромашен е само оној кој не е свесен за себеси.

Оној што не го пронашол во себе божјото кралство е бескуќник. Сиромашен станува оној што напразно си го губи времето. Не го претворајте животот во преживување. Не ѝ дозволувајте на толпата да ја уништи вашата душа. Нека богатството не биде и ваше проклетство.

- Како можеме да ја победиме несреќата?

Не се обвинувајте себеси. Бидејќи сте божествени. Не споредувајте се едни со други и не се раздвојувајте. Заблагодарете се на сè она што го имате. Радувајте се, бидејќи радоста прави чуда. Сакајте се себеси, бидејќи оној којшто се сака себеси, сака сè.

Благословете ги опасностите затоа што храбрите достигнуваат блаженство. Молете се во радост – и несреќата ќе ве заобиколи. Молете се, но немојте да се ценкате со Господ. И запаметете - пофалбата е најдобрата молитва, среќата е најдобрата храна за душата.

- Како да доживееме среќа?

Среќен е оној што е полн со љубов, среќен е оној што е благодарен. Среќен е оној којшто е смирен. Среќен е оној што го пронашол рајот во себеси. Среќен е оној што подарува со радост и оној што ги прима подароците со радост. Среќен е оној што бара. Среќен е оној што се разбудил. Среќен е човекот што го слуша гласот на Бог. Среќен е оној што ја исполнува својата мисија.

Среќен е оној што е во хармонија. Среќен е тој што ја спознал убавината на светот. Среќен е оној што се поставил кон сонцето. Среќен е оној што тече како реката. Среќен е оној што е подготвен да ја прифати среќата. Среќен е оној што е мудар и што се спознал самиот себе.

Среќен е оној што пронашол задоволство во себеси. Среќен е оној што го благословува животот. Среќен е оној којшто е слободен. Среќен е тој што умее да прости.

- Во што се состои тајната на изобилството?

Вашиот живот е најголемото богатство во божјата ризница. И Бог е скапоцен камен во човековото срце. Богатството во нас е неисцрпно, изобилството околу нас е безгранично.

Светот е толку многу богат што секој може да стане богат. Колку повеќе давате толку повеќе добивате. Среќата стои на прагот од вашиот дом. Насочете се кон изобилие. Претворајте сè во злато на животот. Блажен е оној којшто го пронашол богатството во себеси.

- Како да живееме во светлина?

Пијте го секој момент од животот, бидејќи непроживеаниот живот создава тага. И запаметете: она што е однадвор, тоа е и внатре. Темнината на светот потекнува од темнината на срцето.

Среќата е изгрејсонце. Размислувањето за Бог е растопување во светлината. Просветлувањето е брилијантност на илјада сонца. Благословен е оној што се стреми кон светлина.

- Како да пронајдеме хармонија?

Живејте едноставно. Немојте да правите никому штета. Не бидете завидливи. Нека сомнежите ве прочистуваат наместо да ви носат насилство. Посветете го вашиот живот на убавото.

Бидете креативни поради самата креативност, е не поради препознавање. Однесувајте се кон своите блиски како кон откритија. Сменете го минатото, заборавајќи на него. Донесете нешто ново на светот. Наполнете го телото со љубов.

Станете енергија на љубовта, затоа што таа инспирира сè. Таму каде што е љубовта, таму е и Бог.

- Како да се постигне совршенство во животот?

Среќниот ќе смени многумина. Несреќните остануваат робови, затоа што среќата ја сака слободата. Навистина, радоста е таму каде што е слободата. Постигнете ја уметноста на среќата.

Отворете се кон светот и светот ќе ви се отвори вам. Отфрлајќи ја опозицијата, станувате владетел. И набљудувајте сè околу вас со љубов, но многу повеќе ќе ви се покаже преку тишината… само бидете она што сте.

Живејте во хармонија. Бидете она што вистински сте!

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg