Тројанскиот коњ не постоел - Познати историски настани што најверојатно не се случиле

Сè додека некој не измисли временска машина, поголемиот дел од историјата ќе остане мистерија за нас.

trojanskiot-konj-ne-postoel-istoriski-nastani-shto-najverojatno-ne-se-sluchile-01.jpg

Сепак, благодарение на записите и артефактите можеме да откриеме многу за нашето минато, а некои приказни се толку луди, што ве тераат да се запрашате дали се вистина.

Но бидејќи со текот на времето приказните се менуваат, не би требало да веруваме во сè што ќе слушнеме. Дури ни на историските „факти“.

Во продолжение прочитајте за историските настани што сигурно ви се познати, но што најверојатно не се случиле:

Викинзите не ги смениле имињата на Гренланд и Исланд

Мит

Викинзите ги промениле имињата на Исланд и Гренланд намерно, за странците да се држат понастрана од зелениот Исланд.

Вистина

Се верува дека Надод бил првиот од Нордијците кои стигнале до Исланд. Во 9-тиот век тој ја крстил областа Snaeland (Снежна земја), бидејќи тогаш врнело снег.

За името на Гренланд, најверојатно е одговорен Ерик Црвениот. Тој бил избркан од Исланд поради убиство, па решил да најде ново земјиште што ќе го претвори во империја.

Земјиштето го крстил Grfnland (Гренланд, или Зелена земја), со цел да привлече повеќе луѓе кои ќе се вселат таму.

trojanskiot-konj-ne-postoel-istoriski-nastnai-koi-najverojatno-ne-se-sluchile-02.jpg.jpg

Тројанскиот коњ не постоел

Мит

После 10-годишната опсада на Троја, Грците сè уште не можеле да го освојат градот. Па, тие направиле голем дрвен коњ, се скриле во него и се преправале дека се подготвуваат за заминување, а коњот го оставиле како подарок.

Кога Тројанците го внеле коњот во градот, Грците излегле, ги отвориле портите и уништиле сè.

Вистина

Според археолошките податоци, градот Троја бил запален. Тројанскиот коњ, пак, најверојатно е само приказна од Хомеровата „Одисеја“.

trojanskiot-konj-ne-postoel-istoriski-nastnai-koi-najverojatno-ne-se-sluchile-03.jpg

Големиот пожар во Чикаго не го започнала крава

Мит

Големиот пожар во Чикаго започнал во 1871-ва и траел два дена. Според верувањата, пожарот го започнала крава. Наводно, додека жената позната како Кетрин О’Лери ја молзела кравата, таа удрила фенер кој го започнал пожарот.

Вистина

Кетрин тврдела дека спиела кога започнал пожарот. Исто така изјавила дека никогаш не ја молзела кравата навечер, како што се вели во приказната.

На почетокот никој не ѝ верувал, но подоцна, неколку новинари признале дека ја измислиле приказната.

trojanskiot-konj-ne-postoel-istoriski-nastnai-koi-najverojatno-ne-se-sluchile-04.jpg

Во битката кај Термопилите не се бореле само 300 Спартанци

Мит

Само 300 Спартанци го бранеле местото Термопили, од големата персиска армија, во битка која траела 3 дена

Вистина

Иако во битката навистина имало само 300 Спартанци, тие не биле сами. Всушност, биле поддржувани од најмалку 4.000 сојузници. Сè уште имале многу помала војска од Персијците, но ова им ги зголемило шансите за победа.

trojanskiot-konj-ne-postoel-istoriski-nastnai-koi-najverojatno-ne-se-sluchile-05.jpg

Луѓето не скокале од прозорците по крахот на Волстрит во 1929-та

Мит

Крахот на Волстрит во 1929-та предизвикал бран од самоубиства. Наводно, луѓето кои изгубиле големи суми пари поради крахот, почнале да скокаат од прозорците.

Вистина

29-ти октомври 19129 е познат и како Црниот четврток. Крахот на берзата предизвика загуба на 30 милијарди долари, а стана и една од причините за Големата депресија.

Сепак, ова не предизвикало самоубиства. Најверојатно, овие гласини потекнуваат од Винстон Черчил, кој видел ако еден германски хемичар скокнал од 16-тиот кат на еден хотел.

Но, смртта на хемичарот се случила пред крахот и нема никаква врска со настанот.

trojanskiot-konj-ne-postoel-istoriski-nastnai-koi-najverojatno-ne-se-sluchile-06.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg