Тројанскиот коњ не постоел - Познати историски настани што најверојатно не се случиле
Врз главата на Исак Њутн не паднало јаболко
Мит
Исак Њутн седел под јаболкница, кога врз главата му паднало јаболко. Тогаш ја добил идејата за теоријата за гравитацијата.
Вистина
Јаболката можеби му помогнале на Њутн, но не како во приказната.
Откако Њутн си заминал од Кембриџ, се вратил дома и продолжил да работи на проблемите со кои се занимавал на универзитетот. Тој сметал дека гравитацијата влијае на големи растојанија.
Њутн ги набљудувал јаболката во градината на неговата мајка, но работел неколку години на математиката, за да ја добие крајната формула.
Телото на Волт Дизни не е замрзнато
Мит
Наводно, телото на познатиот Волт Дизни е замрзнато, за кога ќе постои соодветната технологија, тој да може да се врати во живот.
Вистина
Овој мит е побиен од ќерката на Дизни, Дајен. Во реалноста, Дизни бил кремиран.
Нерон не свирел на лира додека Рим горел
Мит
Римскиот император Нерон го запалил Рим и свирел на лира додека градот горел.
Вистина
Иако историчарите сè уште не се сигурни што се случило, голем дел веруваат дека Нерон немал никаква врска со пожарот. Најверојатно, Нерон бил отсутен кога започнал пожарот, а кога ги слушнал вестите, ги отворил неговите градини и им понудил засолниште на луѓето.
Сепак, некои веруваат дека токму тој го подметнал пожарот, бидејќи не му се допаѓал изгледот на градот и сакал да го изгради одново.
Како и да е, едно е сигурно – Нерон не свирел на лира, бидејќи во тој период инструментот не ни постоел.
Покахонтас и Џон Смит немале љубовна приказна
Мит
Доколку ви е гледан анимираниот филм на Дизни, веројатно ја знаете љубовната приказна помеѓу Покахонтас и Џон Смит. Покахонтас била Индијанка, која се вљубила во британецот-колонист Џон Смит.
Вистина
Кога Покахонтас, чие вистинско име било Матоака, го сретнала Смит, таа имала само 11 години. Џон, пак имал 27 години. Тие минувале време заедно, но помеѓу нив немало ништо романтично.
Ајнштајн никогаш немал лоши оценки по математика
Мит
Многумина веруваат дека на Ајнштајн воопшто нему одела математиката на училиште.
Вистина
Ајнштајн бил одличен математичар и веќе на 15-годишна возраст знаел диференцијално и интегрално сметање. Доказ за тоа е и неговото свидетелство.
Спирова С. | Црнобело