Цитати од филмовите кои ќе ве инспирираат да го живеете животот во целост

Дали некогаш сте размислувале како добар филм може да ви влијае во животот? Или пак како еден филм може да ви ги смени погледите кон светот?

citati-od-filmovite-koi-kje-ve-inspiriraat-da-prodolzhite-ponatamu-001.jpg

Кога гледаме филм, целосно се внесуваме и ѝ се препуштаме на приказната. Го доживуваме главниот лик како да ни е некој близок пријател и се радуваме и плачеме заедно со него.

Многу често се случува после изгледан филм да се чувствуваме како потполно нови личности и да бидеме инспирирани од приказната која ја носи филмот.

Во продолжение прочитајте ги најинспиративните цитати кажани во филмовите:

Dead Poets Society

„Без разлика што и да ти кажат другите, зборовите и идеите можат да го променат светот“.

The Pursuit of Happyness

„Никогаш не дозоволувај некој да ти каже дека не можеш да направиш нешто, па дури ни јас. Добро? Ако имаш сон, мораш да го заштитиш.“ 

Good Will Hunting

„Некои луѓе не можат да веруваат во самите себе сè додека некој друг не верува во нив“ 

Inception

„Ти не смееш да се плашиш да сонуваш големи работи, драга.“

15-najinspirativni-citati-kazani-vo-filmovi+02.jpg

Braveheart

„Секој човек умира, но не секој човек навистина живее.“ 

10 things I hate about you

„Немој никогаш да дозволиш некој да направи да се чувствуваш како да не го заслужуваш тоа што го сакаш.“ 

The Shawshank Redemption

„Запомни Ред, надежта е добра работа, можеби и најдобрата, а добрата работа никогаш не умира.“ 

Rocky Balboa

„Никој никогаш нема да те удри силно како животот, но не се работи за тоа колку силно ќе удриш ти. Се работи за тоа колку силно ќе те удрат, а ти ќе продолжиш понатаму. Важно е колку удари ќе издржиш и сепак ќе продолжиш понатаму. Само на тој начин ќе победиш.“ 

15-najinspirativni-citati-kazani-vo-filmovi+03.jpg

Alice in Wonderland

„Ти не можеш да го живееш твојот живот за да ги задоволиш другите. Изборот мора да биде твој.“ 

The Aviator

„Не ми кажувај дека не можам да направам нешто, не ми кажувај дека не можам да успеам.“ 

Eat, pray, love

„Мораш да се научиш како да ги избираш твоите мисли на истиот начин како што ја избираш облеката наутро. Ова е моќ што мораш да ја приспособиш. Ако сакаш да го контролираш твојот живот, работи на твојот ум. Тој е едниственото нешто што треба да се обидеш да го контролираш“

15-najinspirativni-citati-kazani-vo-filmovi+04.jpg

Paper Towns

„Мораш прво да се изгубиш пред да се пронајдеш себеси.“ 

The Dark Knight

„Ноќта е најтемна пред зората. А јас ти ветувам, зората доаѓа.“ 

Shrek

„После некое време почнуваш да игнорираш како луѓето те нарекуваат и едноставно да веруваш во тоа што си.“ 

15-najinspirativni-citati-kazani-vo-filmovi+05.jpg

Т. Ѓ. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Јас дојам, зашто сопругот не може, а тој спие зашто јас не можам“ – Забавни цитати за доењето „Знаете дека сте мајка која дои кога ќе одлучите што да облечете врз основа на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg