„Животот не завршува кога ќе умреш, туку кога ќе изгубиш надеж“ - 20 најубави аниме цитати
Љубителите на аниме и манга добро знаат за што станува збор.
Кај оние кои не се запознаени со овој дел од уметноста, се надевам дека овој текст ќе ги поттикне да се запознаат, а оние кои мислат дека станува збор за цртани филмови, се надевам дека ќе го променат своето мислење откако ќе го прочитаат текстов.
„Пиратите се злобни, а маринците праведни? Овие поими секогаш се менувале низ текот на историјата! Децата кои никогаш не виделе мир, и децата кои никогаш не виделе војна имаат различни вредности! Оние на врвот одлучуваат што е погрешно, а што правилно! Ова овде е неутрално место! Велиш правдата ќе победи? Секако дека ќе победи! Кој и да победи во оваа војна ќе стане правдата!“ - Дон Кихот Дофламинго (One Piece)
„Зборовите се како мечеви. Ако ги употребуваш на погрешен начин, може да се претворат во неубави оружја.“ - Едогава Конан (Detective Conan)
„Ако не ризикуваш, не можеш да создадеш иднина!“ - Манки Д. Лафи (One Piece)
„Да знаеш и да победиш и да загубиш, тоа е начинот да станеш вистински маж“ - Шенкс (One Piece)
„Да се биде сам е подобро отколку да се биде со погрешната личност.“ - Л.Лолит (Death Note)
„Моќта доаѓа како одговор на потреба, а не на желба. Треба да ја создадеш таа потреба.“ - Гоку (Dragon Ball Z)
„Мојот молк не значи дека се откажувам. Тоа едноставно значи дека не сакам да се расправам со луѓе кои не сакаат да разберат.“ - Јато (Noragami)
„Разликата помеѓу почетникот и мајсторот е во тоа што мајсторот не успеал повеќе пати отколку што почетникот се обидел.“ - Коро-сенсеј (Assassination Classroom)
„Човечкиот живот не завршува кога ќе умреш, завршува кога ќе изгубиш надеж.“ Итачи Учиха (Naruto Shippuden)
„Луѓето ги живеат своите животи водејќи се по тоа што тие го гледаат како „правилно“ и „вистинито“. Тие тоа го нарекуваат „Реалност“. Сепак, „правилното“ и „вистинитото“ се ништо повеќе од празни поими. Нивната реалност може да се претвори во илузија. Сите живеат по сопствените претпоставки.“ - Итачи Учиха (Naruto Shippuden)
„Не знаеме какви луѓе сме навистина, сѐ до моментот пред нашата смрт.“ - Итачи Учиха (Naruto Shippuden)
„Се фокусирате на тривијалното и го губите од видик она што е важно; невозможна е промената во оваа магла од незнаење.“ - Итачи Учиха (Naruto Shippuden)
„Ако не ти се допаѓа твојата судбина, не ја прифаќај. Наместо тоа, имај храброст да ја промениш на начинот на кој сакаш да биде.“ - Наруто Узумаки (Naruto Shippuden
„Болката да се биде сам... не е лесна да се носи... зошто... можам да ја разберам твојата болка? Но веќе имам многу луѓе кои ми се важни... и не смеам да ти дозволам да ги повредиш... дури и ако тоа значи да те убијам.“ - Наруто Узумаки (Naruto Shippuden)
„Оние кои не разбираат што е вистинска болка, никогаш не можат да разберат што е вистински мир.“ - Пејн/Нагато (Naruto Shippuden)
„Новата генерација секогаш ќе ја надминува старата. Тоа е еден од бесконечните циклуси во животот.“ - Хатаке Какаши (Naruto Shippuden)
„Веројатно животот нема некое значење. Можеби ќе најдеш и направиш нешто интересно додека си жив. Како што го најде тоа цвеќе. Како што јас те најдов тебе.“ - Орочимару (Naruto Shippuden)
„Стравот не е зол. Ти ја укажува слабоста. А кога ќе ја дознаеш својата слабост, можеш да станеш посилен и подобар.“ - Такано Мијо (Fairy Tail)
„Лузните кои не може да се видат се оние кои е најтешко да се излечат.“ - Изаја Орихара (Fairy Tail)
„Човекот секогаш размислува за минатото пред да умре, како манијакално да бара доказ дека живеел.“ - Џет Блек (Cowboy Bebop)
еНВи | Црнобело