Најдобрите цитати на Фредерик Бегбеде, циничниот француски романтичар
„Мажите постојано се наоѓаат помеѓу некоја поранешна и идна девојка, бидејќи не се интересираат за сегашната. Тие претпочитаат да се шетаат помеѓу носталгијата и надежта, меѓу загубата и сонот. Засекогаш сме заглавени меѓу две отсутни жени“.
Ова е само мал дел од „исповедите“ на еден од најпопуларните современи француски автори Фредерик Бегбеде. Неговите романи се прелиени со зајадлива иронија, цинизам и провокации.
На македонската читателска публика ѝ е познат по книгите „Љубовта трае три години“, „Романтичен егоист“, „399“, „Француски роман“, „Уна и Селинџер“.
Без влакна на јазикот, искрен и без преувеличување на нештата, Бегбеде нестандардно ги елаборира сите стандардни теми на светот – животот, љубовта, жените, парите.
Прочитајте неколку од неговите најдобри цитати:
1. После сè што луѓето имаат направено за Господ, најмалку што може тој да направи е да постои.
2. Колку повеќе заработувам, толку помизерен станува мојот живот.
3. Осаменоста стана страшна болест. Луѓето ја одбегнуваат бидејќи осаменоста те тера да размислуваш.
4. Љубовта трае 3 години–ова е законот на природата.
5. Денес, оние кои имаат пари немаат време, оние кои имаат време немаат пари.
6. Смртта е единствениот состанок кој не ни е закажан во роковникот.
7. Среќата е многу пострашна од депресијата.
8. Најчудесното нешто во животот е тоа што продолжува понатаму.
9. Идиотите сакаат комплименти, интелигентните преферираат критики.
10. Го научив главното, со цел да бидеш среќен прво мора да бидеш екстремно депресивен.
11. Вистината е секогаш разочарувачка, поради што сите луѓе лажат.
12. Оние кои зборуваат против љубовта се истите кои имаат најмногу потреба од неа.
13. Сè е привремено и сè е на продажба. Како и сè друго и човекот е производ со рок на траење.
14. Еврото беше специјално измислено да направи високиот приход на богатиот да изгледа шест пати поскромно.
15. Целиот проблем со љубовта е токму во тоа: за да бидеш среќен ти треба сигурност, а за да си вљубен ти треба несигурност.
(О)Милена | Црнобело